Балканската дива Фахрета Јахиќ попозната како Лепа Брена е синоним на балканска музика и има кариера која трае долги години.
Лепа Брена еднаш се натпреваруваше на републичките избори за претставничка на Евровизија, но не победи, што, како што призна, тогаш и било многу тешко.
Брена сега се сеќава на моментот кога беше во трката за Евровизија, пред повеќе од три децении и за емоциите кои ги имала.
– Тоа беше забавна музика со етно елементи, „Ситније Циле“ е претходник на целата музичка сцена и жал ми е и денес што не пројде.
– После ја пробав песната „Мики Миќо“, но кога видов колку има задкулисни активности, не сакав да учествувам во сето тоа.
– Но 20 години подоцна Стинг почна да прави музика со етно елементи. Се радував поради тоа – изјави пејачката за „Гранд њуз“.
-Тогаш сите плачевме, а јас и „Слатки грев“ како мали деца. Тогаш ветив дека нема да одам на Евровизија никогаш повторно.
– Таа им припаѓа на младите луѓе, кои се иновативни, кои се подготвени да бидат свои, оригинални, малку лу ди, но навистина да донесат нешто ново – додаде Брена.
На овој момент неодамна се присети Саша Поповиќ кој беше дел од „Слаткиот грев: Јас и Брена изгубивме два пати, отидовме во соба,
– Сее гушкавме и плачевме еден час, сите членови на „Слатки грев“ и Брена – изјави Саша Поповиќ во утринската програма на ТВ „Прва“.