Соседна Бугарија од денес има своевидно олеснување за влез на граѓани од Македонија
Од денеска, студентите и учениците во Бугарија без ПЦР тест. Учениците и студентите од Грција, Турција, Србија, Северна Македонија и Романија кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе не треба да обезбедуваат документ со кој се докажува негативен тест на коронавирус при влез во земјата.
Истото важи и за студентите што живеат во Бугарија. Ако патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно.
Наредбата ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.