Д-р Вело Марковски: Јас зборев како интелектуалец и доктор, а не како партиски човек

  • By klaster3
  • март 31, 2022
  • 0
  • 443 Views

Познатиот инфектолог д-р Вело Марковски важи за еден од врвните стручњаци во својата област, уште од времето на некогашна Југославија.

На македонската јавност и стана познат по своите настапи во медиумите, особено на ТВ, своите излагања, стручни анализи, препораки по појавата на вирусот.

Како еден од најстручните инфектолози и искусен професор, тој често гостуваше во медиумите, а неговите емисии предизвикаа внимание и надвор од државата.

Некои од неговите ставови кои беа спротивни на оние што ги пласираше власта, беа поприлично коментирани од еден дел на јавноста и стручното мислење, но повеќето од нив всушност беа точни.

Таков на пример беше неговиот став дека докторите треба да намалат со давањето антибиотици кај пациентите кои имаат вирус, за што тој апелираше преку социјалните мрежи.

Добро познато е дека докторот е во брак со помладата сопруга Евгенија Марковска, поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ и веќе имаат едно дете.

– Клучот на успешен брак е толеранција и почитување и љубов, во одреден сегмент од животот една од овие три работи може да ги заборавите но потоа да ги надокнадите, вели д-р Вело во неодамнешно интервју за Бекстејџ.

После долг период повторно беше повикан да даде осврт за состојбата со вирусот во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Докторот повторно стои на ставот дека биле направени низа доктрински греш ки, не се почитувале основните медицински начела.

– Всушност, сега имаме експл озија во цел свет, во најголем број од државите е дуплирана бројката за четири месеци за разлика од претходните две години.

Голема грешка којашто се уште ја прават матичните лекари е давањето антибиотик, додава тој.

– Јасни се критериумите и од денешен аспект и застрашу вачки се вакви пресконференции кои ги прави владеачка партија. Не знам што е по професија поранешниот портпарол Костадинов – тој кажува спротивно на ова, ако матичните лекари не даваат сумамед ќе се замерат со власта.

Овде сепак сум испрово циран, четири пресконференции на тема Вело Марковски, јас со сето знаење и претходно искуство, дневно најмалку 10 часа работев. Оставив силен белег во науката, а државата побрза да ме прикаже како кримин алец.

Ако здравствениот систем дојде да имаме 16 илјади прекумерни случаи, јас се бор ев да не биде така, не како партиски човек туку како интелектуалец и како лекар.

Докторот додава дека се уште има нејасни работи за кои епидемиологијата генерално нема одговор што за него е многу чудно. Мисли дека науката е оставена на страна, во спротивно сигурно ќе се откриело нешто досега.

Целиот видео прилог може да го проследите на ТВ Алфа емисии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.