Оливера, водителката на „Срце на дланкa“ имаше убав повод за славење: Горда што верував во себе и во своите соништа

  • By klaster3
  • март 28, 2022
  • 0
  • 755 Views

Без сомнение емисијата Срце на дланка со секоја нејзина нова епизода прераснува во една од најгледаните тв проекти на нашите простори.

Водител и уредник на емисијата е познатата Оливера Петрушевска. Веќе втора сезона како се емитува Срце на дланка, но има помогнато на неброено многу социјално загр озени семејства.

Во една прилика Оливера јавно се обрати и порача дека е презадоволна од хуманоста и емпатичноста на нашиот народ, народ кој покажува дека има срце и знае да помогне ако некому му е потребна помош.

„Со право можам да кажам дека сме НАЈХУМАНИОТ народ. Ми се смирува душата кога ќе погледнам колку сме сложни, обединети. Наспроти сите случувања кај нас, убави и помалку убави.

Во емисијата се пријавуваат луѓе, поединци, семејства, многу-детни фамилии, жр-тви на семејно нас-илство. Лица на кои им е потребна помош за лекување во странство, луѓе на кои им треба покрив над главата.

Ако можеме да помогнеме, во ред, ако не, да не одмагаме на луѓето на кои и онака им е тежок животот. Зашто, да се биде без пари е минлива состојба: да се биде сиромашен е состојба на духот!“

Денеска, Оливера славеше во нејзина чест по повод нејзиниот роденден. Годините за нејзе воопшто не се важни, таа зрачи со убавина и ведар дух.

„42 ги фатив за рака. Имав прекрасно детство, мислев дека имам одлична младост, но, всушност не бев среќна.
Работев, се трудев, имав погрешни професионални избори, влегував во погрешни врски…

42 во џеб….. Сватив, најголемиот подарок што го добив од родителите е животот и бор беноста никогаш да не се откажувам.

42 години живот…. а, јас никогаш посигурна во себе, посреќна, поисполнета. Горда што верував во себе и во своите соништа, но, и во визиите како треба да го живеам животот.

Од моето досегашно искуство ќе кажам: “Никогаш не се откажувајте од сонот. Се е возможно и се е во вас. А, кога ќе станете кормилар на својот живот, ништо нема да ви биде недостижно!!”.

41 фала ви што бевте подобри од 40-ката и патувајте!

Мои 42..Подготвена сум на сите преди звици што ќе ми ги сервирате. Бидете ми среќни!„ , напиша таа на својот Фејсбук профил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.