Како на филм: 33 дена преживеале на пуст остров откако бродот им потонал

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 1053 Views

Американската крајбрежна стража соопшти дека спасила тројца кубански државјани за кои се верува дека биле заглавени 33 дена на ненаселен остров, на Бахамите.

Воздушна патрола на крајбрежната стража во редовна обиколка во понеделникот забележала група луѓе како во паника веат импровизирано знаме на гребенот Ангиља, меѓу архипелагот Флорида Кис и Куба. Војниците не биле опремени за итно спасување, но на бродоломците им била дадена храна, вода и радиоврска за да можат да комуницираат.

– За жал, немавме луѓе кои течно би говореле шпански, но со моето слабо познавање на шпански јазик, успеав да разберам дека тие се по потекло од Куба и оти им е потребна лекарска помош, изјави поручникот на крајбрежната стража, Рајли Бичер за Би-би-си.

Спасени се една жена и двајца мажи. Тие тврдат дека допливале до островот откако нивниот брод потонал, и таму минале 33 дена и дека се хранеле со кокоси.

Трите лица со хеликоптер се пренесени во медицински центар на Флорида. Според Управата за имиграција и царина на САД, преживеаните немале посериозни повреди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.