Занаетите од година во година ги има се помалку и пополека тие стануваат само успомен на некое друго време, кога од нив убаво се живело и со гордост се работело.
Младите не сакаат да се занимаваат со занает, од многу причини, а тие што останаа можат да се избројат на прсти или пак веќе ги нема.
Еден од занаетите кој полека заминува во историја е сарачот, инаку за помладите што незнаат сарач е човек што изработува опрема за коњи, узди, реденици, седла, дисаѓи, анџици, кожени ленти и слични продукти со главен материјал- кожа.
Работа има се помалку, па често и тие што останаа принудени се да работат за млаку пари а и да размислуваат на затоврање на дуќаните.
Сепак, Перо Кувекаловиќ се уште успешно им пркоси на негативните статистики, е еден од последните сарачи во Србија и регионот кој како што вели има полни раце работа.
„ Пред неколку децении имаше уште многу мои колеги- сарачи, сега останав само јас. Не се жалам затоа што се уште има такви кои повеќе веруваат во вешти мајстори отколку во машини.
,, Она што е посебно кај занаетчиите е тоа што повеќето работи се прават рачно и на традиционален начин. Како резултат на тоа, овие производи се поотпорни и траат подолго.
„ Иако квантитетот е важен во индустриското производство, квалитетот е сè уште клучен кај нас“, вели занаетчијата Перо Кувекаловиќ за РИНА.
Кувекаловиќ создава кожни производи, претежно појаси, кои потоа се користат како ремени или коњски узди. Неговите производи најчесто ги купуваат сопствениците на коњи.
Бидејќи целата опрема потребна за овие животни ја произведува Перо. Занаетот го научил од стари мајстори и како што обично се случува, започнал како чирак.
Често се случува да купат нов производ од мене или да ги донесат постоечките што ги имаат на поправка по нивна желба“, вели Перо.
Неговата работилница е мала, мириса на кожа и речиси секој ден е полн муштерија, но нема луѓе со кои би го споделил занаетот.
„ Подготвен сум некому да покажам се за занаетот, но никој не е заинтересиран. Старите занаети не се привлечни од многу причини.
, Младите веројатно мислат дека не се профитабилни или популарни, но фактот дека кој има занает, всушност, секогаш има приход при рака.
Нашата младина очигледно мисли дека парите се заработуваат само на поинаков начин. Државата треба да ги заштити и старите занаети од пропаѓање, да им даде мотив на младите да не бегаат од таква работа“, вели мајстор Перо.