(ВИДЕО) Гоце Тодоровски запеа, па покажа како се „крчкаат“ новите епизоди на македонски народни приказни

  • By admin
  • март 14, 2022
  • 0
  • 423 Views

Македонски народни приказни кај многумина будат носталгиј. Како што е познато тие се се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други).

Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

На 7 октомври 2009 година по подолга пауза повторно започна снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова.

Понатака режирањето беше препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се засновани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков.

Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваа голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски глумци.

Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ.

Останатите епизоди се снимани во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добри Дол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ.

Покрај МТВ, македонските народни приказни се снимаат и во продукцијата на А1 Телевизија . Нови приказни досега нераскажани, воглавно од 20 век, со нова актерска екипа, снимани на локации во село Бањани и Чучер.

Голем број наши граѓани израснаа со овие приказни, а и ден денес иако минаа многу години се актуелни.

Низ нив поминаа голем број глумци, но главен белег најмногу оставија: Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова,Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски,Лазар Бараков,Гоце Влахов, Владимир Ангеловски – Дади ,

Стојна Костовска, Дубравка Киселичка, Анче Џамбазова, Иван Каровски, Кирил Андоновски,Димче Мешковски, Васил Шишков,Џемаил Максут, Ѓокица Лукаревски и други.

По многу години дел од овие актери се обединија повторно и со нов проект најавија дека подготвуваат нешто, што го најавија на социјалните мрежи.

Пред околу еден месец на својот профил Радован Охрид објави пост во која имаше фотки од првите сцени на новата сезона во која се и добро познатите имиња како Владо Дојчиновски и Гоце Тодоровски.

Прва клапа од нова сезона на Македонски народни приказна во режија на Владо Дојчиноски со Продукција Рали за ТВ Сител.

Радован редовно продолжи да објавува информации како тече снимањето преку објави на својот профил на фејсбук и покрај студеното време.

Во една објава од пред некој ден објави видео на кое се гледат дел од статистите и актерите, меѓу кои и Гоце Тодровски како пее и притоа напиша:

Во живо. Аудио подготовка за една сцена на Македонски народни приказни во режија на Владо Дојчиноски. И старо и младо и средно се на едно место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.