Полицијата ја казни со 300 евра баба Марија поради тоа што продава на улица, па порача: Не сакам пари

  • By admin
  • февруари 11, 2021
  • 0
  • 990 Views

Животот бил прилично суров кон 80 годишната баба Марија од Ламија во Грција, за која пишуваат локалните медиуми веќе неколку дена.

Имено, таа доби казна од 300 евра затоа што „неосновано“ останала надвор и со тоа ги прекршила мерките против корона вирусот.

Оваа старица веќе неколку години продава плодови од нејзината градина на улица. Наводно, полицијата била повикана од жена која тврдела дека бабата нема дозвола за тоа.

Кога пристигнала полицијата, ја казниле бабата со 300 евра, но откако јавноста бурно реагираше, се огласи и министерот за финансии, Христос Стајкурас, по што казната беше поништена.

“Жвотот ми е многу тежок. Ви благодарам на сите што ме разбираат и застанаа покрај мене. Не сакам пари. Ќерка ми живее далеку од мене, со своето семејство. Немам никој близу мене, се обидувам да направам што можам сама “, рече Марија.

Инаку, баба Марија изгубила две деца, а подоцна и нејзиниот внук во три различни сообраќајни не среќи.

Не можела да се помири со загубата на нејзиниот внук, па отишла на гробиш тата и испила пестицид, пренесуваат грчките медиуми.

За среќа, таа била брзо пронајдена и пренесена во болницата, каде лекарите на интензивна нега успеале да и го спасат животот.

Како што рекоа лекарите во тоа време, единствениот лек за бабата било да излегува надвор, со цел некое време да ја заборави својата не среќа.

“Не можам да останам дома. Таму имам лоши слики кои ме потсетуваат на тешки моменти”, рече баба Марија со тажен глас.

„Јас не ги продавам овие производи за пари, само сакам да излезам, да видам луѓе, за да не по лудам“, рече старицата за грчките медиуми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.