Голем дел од нас израснаа со Македонските народни приказни, серијал кој длабоко ќе остане врежан во нашите мисли и срца.
Приказни од кои научивме многу, се смеевме до солзи а и се уште некој од репликите ги применуваме во нашето секојдневние.
Еден од плејадата легендарни актери кој беше со екипата е и Кирил Андоновски, кој заедно со Колозов, Ванчо,Гоце и Шенка беа основата на приказните.
– Иако ги имам тие години јас сум активен доста, сега имам внуче од една година и со него си играме се тркаламе и трчаме, вели Андоновски пред камерите на Г-Карпет.
– Ова година јас славам три јубилеја 60 години низ театарот и 50 години брак и 80 години живот, вели актерот Андоновски.
– Јас имам снимено над 450 македонски народни приказни, започнавме во седумдесетите години. Велеа за Ѓорѓи Колозов фрижидер да отвориш тој ќе ти се појави.
– Сега јас го имам тој ептиет, кај и да погледнеш јас ќе се појавам. На сите можни телевизии, вели еден од нашите најкултни актери.
– Јас се уште активно снимам, прекинавме поради короната но пак ќе снимаме и тоа ќе го правам се додека ме повикуваат и додека можам.
– Сега има многу млади актери, но имам една замерка до нив. Тоа што трчаат по текстот, во една приказна има десетина страни текст и е поделен.
– Треба самата гестикулација да го долови вниманието на гледачот а текстот е во втор план и можеш секако да си го прочиташ, а на ова се придодаде и Снеже Велков која додаде:
– Израснавме со македонските приказни тие беа оргинални и доста поучни за разлика од денеска во кој приказни гледа да се долови некој американски стандард.
– Во почетоците кога ги снимавме филмовите, најпрво се снимаше а бидејќи немаше звук, ги гледавме сцените и ги надсинхорнизиравме, додава тој.
– Ако го откријам хонорарот од заработените претстави потоа ќе ме осу дат дека не сум бил домаќин и сум потрошил се, вели низ смеа Кирил Андоновски.
– Мене попознат не направија за жал народните приказни, бидејќи доста вложив во театарот и повеќето од улогите беа главни и соработував со многу познати луѓе.