Од година во година се зголемува бројот на Македонци кои се решаваат среќата да си ја побарат надвор од границите на нашата држава.
Пред се тука мислими на западно европските држави од кои најмногу се издвојуваат Германија, Австрија, Италија, Швајцарија, а во последно време и скандинавските држави Шведска, Норвешка и Данска.
Вообичаено, многумина барем двапати од годината си доаѓаат во родните краишта, најмногу во лето и во зимо за празниците.
Иселенкот Саздо П. кој по потеко е од село до источна Македонија пред десетина години реши со семејството да се исели и среќата да си ја побара во германски Бохум, па во разговор за нашиот портал реши да каже како му е и даде една забелешка.
-Како и многу мои сограѓани, така и јас во желба за подобар живот, а воден од финансискиот аспект решив да заминам во Германија каде што сум и дене денес.
Како и секој почеток, така и мене ми беше многу тешко. Што од документи, што од навикнување и адаптација во новата средина. Секако и работата и пред се јазикот.
Но како месеците, годините одминуваа може слободно да кажам дека се одомаќинив во Германија и на некој начин се навикнав и вклопив во нивниот систем и начин на живот.
Децата се уште ми одат во училиште, но ми потпораснаа, па така освен јас и мојата сопруга работи. Со две плати е многу полесно отколку со една додека сопругата не работеше и ги чуваше децата.
Иако сум десетина години тука се уште не сум го реши она според мене најглавното прашање, а тоаа е стамбеното. Досега променив 3 стана од кои овој каде што седам сега ми е со најдолг стаж.
Се уште не сум се решил да аплицирам за креди да да купам мој сопствен дом што секако е голем потват за нас обичните работници.
Овде максимално се користи работното време. Значи кога се работи се работи, кога се одмора се одмора. Се си е прецизирано и за тоа немам збор. Значи кој работи ќе има како што си е добро познато.
Она што во последните години ми е како забелешка кога ќе си отидеме во Македонија се луѓето, зборам за оние блиските, од фамилија и пријатели.
Кога ќе си дојдеме во Македонија тие не гледаат како банкомати, ајде да не речам низ призмата на парите. Постојано бараат пари, очекуваат да им се даде, не плаќаат ништо кога сме заедно. А и кога сум во Германија се јавуваат само кога ќе им притреба пари да им се пушти.
Но мора да разберат дека ние не сме банкомати и немаме нешто многу пари. Да точно е, добро заработуваме, имаме пристоен живот, но и наши потреби и трошоци.
Еве како што реков јас толку време работатм а се уште не сум решил да си купам дом. По полека тргам настрана некоја пара и сакам во блиска иднина да инвестирам во дом. Како да им објаснам на нашите доле дека немам вишок пари и дека не сум и дежурен извор на пари за потпунки.
Обработил: С.С Фото: Илустрациј
Авторски текст кој не смее да се превзема без дозвола од Кластер.мк