Јован Јованов, еден од нашите најпознати композитори и пејачи стана познат откако ја испеа песната „Ма гија“, со групата Ма гија.
Тогаш беше тинејџер, како и неговите колеги од групата а сега е веќе возрасен човк но сепак изгледа слично како и кога се појави на сцената.
Со сопругата Николина и со ќерката, од Македонија си замина во 2014 година. Прво во Холивуд, на музичко усовршување и како што вели за да си го оствари својот детски сон.
,, Аплицирав за ,,Саунд инженер” во Холивуд, пред тоа поднесов документи за иселеничка виза во 2013 за Канада. Таму бев и на студии.
,, Процесот за да се иселиш од Македонија во Канада не е едноставен траеше една година. Но за среќа добив иселеничка виза.
,, Од Холивуд заминав за Торонто. Од пред две години сум Канаѓанец, имам канадски пасош. Тука во Македонија станав познат уште на 16 години.
,, Сега правам песни во Канадската музичка индустрија. Кога отидов таму и почнав да работам се чуствува тоа дека си европеец додека не им го научиш акцентот тоа може да биде и предност и недостаток.
,, Правам поп музика. Македонските изведувачи нема потреба да пејат на англиски ако прават балканска кариера. Тогаш нека се отсели таму и нека прави кариера.
,, Треба да има видици за светска кариера, но кај нас не гледам такви изведувачи, сите имаат амбинции да станат балкански ѕвезди.
,, За да успееш денеска не е баш лесно бидејќи имаш голема конкуренција и голем број на артисти но успехот не е голем.
,, А пред неколку години беше ако успееш да се пробиеш на телевизија ти успеваш и си глобална ѕвезда и те знаат буквално сите.
,, Песната ,,Ма гија” е една од моите најуспешни песни, со неа се пробивме и донесовме нова свежина на естрадата, вели Јованов за Г-Карпет
,, Во Македонија што го имав ми недостасува дружбата и другарите, тоа нема да го има никаде во светот,а како систем државата никогаш не ми се допаѓала.