Како што беше објавено утрово, во Украина се уште има Македонци, од кои дел преку медиумите и социјалните мрежи се огласија. Еден од нив беше Игора Ангелов кој е на 20-тина километри од Киев.
Јас во моментов се наоѓа во селото Зазимија кое е одалечено 23 километри од центарот на Киев. Од првата населба на Киев е негде околу 6 километри.
Сабајле околу 6 по наша, во 5 по ваше имаше некои сирени и едно пола саат и прекина. После слушнавме и два татнежи, се стре соа прозорите, јас и ги отворив.
После неколку часа една комшивка ни кажа која одела за Браварија, соседен град на Киев. Има една шума и демек го рела некоја база.
Имаме струја, имаме интернет, имаме и вода. Продавниците работа, но се оскудни. Не успеав да купам леб денес, но нешто брашно. Имаше гужва, по десетина луѓе. Но негде луѓе чекале и по 1 саат. Јас ова не го очекував, мислев дека ќе биде само на исток од Украина.
Се уште не знам што планираме, ќерка ми е 2 години, нема пасош. Ја контактирав амбасадата, ми рекоа нема проблем со патен лист ќе ни дадат ако решиме.
Исто така во меѓувреме преку инстаграм се огласи и Мери Амбросова која што е мажена во Украина, а таа веќе се спакува и тргна на пат кон Македонија.
„Украина е голема, само за превоз се потребни најмалку 10 часа, затворени се границите, но се надевам дека мене како странец ќе ме пуштат.
„Се надевам дека и Марта исто така ќе ја пуштат а сопругот останува тука, Nикој не очекуваше до толку да дојде работата.
„Овде народот е многу мирен и навистина е неблагодарно ова да и се случува и јас сум исто така зат ечена од ситуацијата.
– Сите блогери што ги гледам што се Руси велат и шират приказни дека тоа е океј што се прави и дека нема ништо ло шо, како ли само можат да го кажат тоа.
– Киев целиот е блоки ран, сега едвај излеговме на автопат каде е голем гужва, не знаеме што не очекува следно. Од материјални работи. Може да земете само дел од тие работи, но ду ховното е она најважното.
Ќе биде тешко за оние кои што ќе останат тука и не знам се како ова ќе се заврши. Но идат огромни промени и ќе треба да се прилагодиме на нив. Фала ви на сите.
Овде ни бензински не работат, оние кои работат е гужва. Воошто ни не знаеме дали ќе поминеме граница. Мене ми се понуди и помош за да излезам, но ќе ви раскажам кога ќе се вратам во Скопје. Ако не ми излезеше таа помош немаше ни да помислам да тргнам да се враќам.