(ФОТО) Гавазова знае како да ужива: Со пура во уста и чаша винце во рака се релаксира во Банско

  • By admin
  • февруари 19, 2022
  • 0
  • 602 Views

Ако некоја пејачка во Македонија е зафатена, тоа е токму Сузана Гавазова. Струмичанката е постојано на снимања, патувања, настапи, како ширум Европа, така преку океанот.

Македонската пејачка Сузана Гавазова важи за една од нашите најубави и најзгодни жени на македонската јавна сцена.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со војата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Пејачката започна професионално да се занимава со музика уште од многу млада, а популарност стекна и надвор од Македонија.

Без сомнение македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години и важи за најпопуларната.

Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи во време кога естрадните уметници немаат настапи поради корона пандемијата.

Кога ќе се спомене Сузе, како што е позната за јавноста Сузана Гавазова, буди позитивни реакции кај јавноста и нејзините фанови.

Долги години Гавазова е во брак со сопругот Јасмин Курузовиќ. Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.

Но, по неколку години живот во оваа земја, Сузе и Јасмин одлучија да се вратат во Македонија.

Пејачката е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од нејзиното семејство.

Освен за работните обврски, Сузе наоѓа простор и за одмор. Ако пред еден неполн месец беше на топлите плажи во Мајами, САД, деновиве е на скијање во соседна Бугарија во Банско.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.