Изјави дека не е родена за да сецка салата, а сега Драгана порача: Се идентификувам како Бугаркa

  • By admin
  • февруари 17, 2022
  • 0
  • 564 Views

Старлетата Драгана Спасовска која своевремено македонската јавност ја запозна пред неколку годин откако зборуваше за својот живот во Дубаи и познанствата со светски познати ѕвезди како што е Роналдињо.

Таа стана позната и откако беше во спотот на песната на Марко Маринковиќ – Слаткаристика.

Како што самата ќе изјави за бугарските медиуми, сака да биде со мажи кои имаат високи финансиски можности, зашто и самиот нејзин живот е таков – на висока нога!

За себе вели дека е амбициозна и храбра и дека во Дубаи запознала многу влијателни луѓе. Нејзина животна желба е да стане актерка во Холивуд.

Драгана во едно интервју за „Бекстејџ“ кажа дека не планира наскоро да се мажи затоа што нема намера да се затвори дома и да чува деца. Таа вели дека не е родена за да сецка салата и пие ра кија со мажот.

Спасовска, која седум години живее и работи во Дубаи е хит во соседна Бугарија. Речиси секојдневно ги полни страниците на тамошните медиуми, кои пишуваат за нејзините забави во Дубаи, дружбите со светски познати фудбалери и ги следат сите нејзини случувања поврзани со џет-сетерскиот живот.

Драгана потекнува од Скопје, каде во минатото градеше кариера како модел. Во 2009 година замина да студира во Пловдив, Бугарија, и откако се појави на тамошни избори за убавина, но и како модел во видео записи на бугарски пејачи, преку ноќ стекна голема популарност.

За себе знае да каже дека е дете на интернационална љубов, бидејќи татко и е Македонец, а пак мајка и е Бугарка, но на прашањето дали се идентификува како Македонка или пак како Бугарка, без двоумење вели – Бугарка

-Во Бугарија доста ме знаат луѓето, таму снимав интервју кое има над милион прегледи. Има заинтересираност за мене таму. Во Македонија, доколку си поразличен, те судат, но во Бугарија ме гледаат на друг начин.

Имам доста фанови, од сите генерации, помлади и постари. Им се допаѓа мојот начин на живот, имам поддршка. Да бидам искрена, се идентификувам како Бугарка – вели Спасовска во изјава за Фокус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.