Речиси 3о години, Тања Џамбазова, сестрата на Игор Џамбазов, ќерката на познатиот музичар Александар Џамбазов не живее во Македонија.
-Сакам да видам како луѓето од различни култури го поминуваат ова малку време што го имаме на Земјата, што им е важно, каде наоѓаат мир и што им носи пеперутки во стомакот.
Бегам од градови зашто сите се исти. Невидливите градови на Калвино. Одам во мали места, во села, а во ретки моменти пијам р акија од шише со автомеханичар во Куба.
Или појадувам со фармер во Исланд. Да, имав драгоцен разговор со теа мастер во Тибет, споредував животни филозофии со пријатели од Зимбабве… Патувам секаде каде што можат да се најдат луѓе со големо „Л“, рече Татјана во интервју во За се.
Тања периодов се врати во Македонија, овојпат не за убаво со оглед на тоа што во вечноста го испрати својот татко Алекандар кој пред извесен период го напушти овој свет.
Повеќе пати, Игор Џамбазов има изјавено како се запознал со Илина Арсова, познатата планинарка и уметник
Го најдов нејзиниот број преку заеднички пријатели и кога ми рече „Ало“, се претставив и ѝ кажав дека сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да се запознаам со неа.
Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг, сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.
И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот.
Знаеш, на мои години, јас тоа подоцна го сфатив, ама среќен сум што барем го сфатив, дека сепак парите не се најбитни.
Јас видов во животот дека можам да ги заработам, и тоа многу повеќе отколку шо е вообичаено за ова наше поднебје, но веќе престана таа моја трка по пари – раскажа Џамбазов во една прилика.
Игор Џамбазов и Илина Арсова имаат интересна љубовна приказна. Од сите јавни личности, годинава токму нивната пробуди најмногу интерес. Џамбазов вели дека толку ја сака Илина, што таа побарала од него да ја сака помалку.
„Како е тоа возможно? Дали некому му успеало? Дали воопшто некој некому на планетава му побарал да го сака помалку?“
Тања Џамбазова денес на својот профил на Инстаграм објави роматнична фотка од братот Игор и снаата Илина и притоа напиша: Дружба секогаш прекратка, до следниот пат.