Дарко: Ноќите ги поминуваме во канализацијата за да не ни студи, јас не спијам и ги чувам децата од стаорци

  • By admin
  • февруари 11, 2022
  • 0
  • 699 Views

Во Белград има неколку нехигиенски ромски населби, а една од нив се наоѓа во близина на Мостарската јамка, недалеку од Белградскиот саем.

Според ,,МОНДО.рс” некои жители од овој дел на градот живеат во толку лоши услови што биле принудени да спијат во канализација за да се заштитат од зимата.

Новинарите го посетија ова место и пронајдоа неколку семејства кои открија колку време живееле во канализација, каде се наоѓала шахтата во која влегле, како се бранеле од бубачки и стаорци и како сега ја преживуваат зимата.

Веднаш под мостот недалеку од Белградскиот саем најдовме барака во која живее Дарко Арсеновиќ (25) со сопругата. Ни објасни дека недалеку од таму уште неколку семејства живеат во тешки услови.

„Во ова место живеам осум години. Ова што го гледате ни е секојдневие. Во шахтите ја поминавме ноќта, бидејќи немаме можност да живееме како што треба.

,, Тоа е бетонска шахта имавме ќебиња и сунѓер и така лежевме. Ни беше топло и никој не не допре.Со нас имаше уште неколку семејства долу.

,, После тоа шахтата беше затрупана некои семејства се иселиле, заминале во странство, добиле куќи или станови, но ние ништо не добивме. Изградивме барака и останавме овде“, изјави Дарко Арсеновиќ.

Како што објаснува овој млад човек, неговото семејство и тој немале друг избор и тоа било бор ба за живот: Долу имаше вода, глувци, стаорци.

Не можев да спијам цела ноќ и ги чував децата и жената од стаорци, а понекогаш и таа не чуваше нас за да поспијам јас.

Постојано скокаа по водата, беа огромни и често ги слушавме, во шахтата е потопло отколку во бараката во која нема ни вода ни струја“, вели Дарко за своето тешко животно искуство.

На Дарко во приказната му се придружи и неговиот сосед Елвис (30), кој израснал во оваа населба и сега таму одгледува три деца, во исто толку лоши услови.

– Јас сум роден овде, имавме куќа, а татко ми работеше во Железница, дури и кога ни ја срушија куќата, не мрднавме од тука. Кога првпат спиевме во шахтата беше јануари и беше многу студено, шахтата беше длабоко и голема, околу 4 до 6 метри.

Немаше ниту прозорци, ниту воздух, но беше топло. Јас бев таму со сопругата, додека децата ги испраќавме кај баба ми во селото.

„ Досега никој не дошол да не посети, но од работниците слушнавме дека ќе ни ја рушат бараката на крајот на мај. Немам каде да одам, морам да останам овде.

,, Се снаоѓаме, живи сме, но условите се многу лоши. Имам син на осум месеци, ќерки од 6 и 8 години. Немаат услови да одат на училиште, па ни велат дека сите сме неписмени, вели Елвис.

Една од жените кои живеат во ова место е Виолета (34) која живее со две деца и брат кој има отежнато движење и не може да работи.

– Тешко се живее. Кога немавме барака палевме оган под мостот.Неподвижниот брат една година не се капеше затоа што немаме услови за тоа.

– Би сакала само една куќа и покрив над глава за деца „Секое утро ги носам во училиште недалеку одовде. Се снаоѓам, но живееме во бе да и сиромаштија“, вели Виолета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.