ЕУ воведува ново правило за шоферите, засегнати и нашите шофери

  • By klaster2
  • февруари 3, 2022
  • 0
  • 735 Views

Денеска стапија во намена новите правила на Европската унија кои го регулираат транспортниот пазар. А најмногу засегнати ќе се возачите на камиони.

Односно возачите на камиони кои ќе превезуваат стока надвор од нивните земји каде што и е седиштето, ќе мора да бидат платени според минимумот во земјата каде што вози.

Во пракса, доколку возачот на фирма регистрирана во Македонија превезува стока од Германија до Франција, ќе мора да биде платен според минималната саатница во тие земји, а не да биде покриен со плата како во Македонија.

Ова не важи за возење од една земја во друга и назад. Возачите ќе треба да го регистрираат преминот на првиот паркинг при влез во друга земја членка на ЕУ и да стават знак на таа земја.

Подоцна овој месец ќе стапат во примена и други правила, вклучително и ограничен период за возачите на камиони да работат надвор од матичната земја.

Целта на овие измени е да се запре практиката возачите од Полска, Романија или Бугарија да возат роба на релации меѓу другите земји-членки, а да добиваат значително помали плати во нивните земји.

Овие измени ќе бидат поповолни за самите возачи, но веројатно ќе се одразат и на поскапување на превозот, како и се останато што поскапува.

Исто така новост е и тоа што возачите на камиони ќе можат да работат и од дома: „Работа од дома“ во текот на изминатата година одеднаш стана еден од најчесто користените термини.

Јавноста стана сè позаинтересирана за новите системи и технологии кои го овозможуваат ова, дури и во релативно традиционалните индустрии, како што е транспортот.

Еден од системите што би можел да обезбеди таква можност и кој повторно се најде во прв план е Телеоперацијата на шведската компанија ,,Војсес” – технологија која овозможува далечинско управување на камиони преку 5Г мрежа.

Во комбинација со технологијата за виртуелна реалност, овие системи би можеле да се користат и за далечинско управување на различни типови машини, пренесува ,,Плутон логистик”

Телекомуникациските мрежи со ниска латентност (одговор на сигналот) би можеле да им овозможат на возачите на камиони да работат од далечна локација, користејќи технологија за виртуелна реалност (VR).

Возачите можат да седат во оперативниот центар, илјадници километри подалеку од камионот што го превезува товарот. На екранот пред нив тие би имале поглед од камерите на тоа возило и можеле да го контролираат како навистина да се зад воланот.

Операторите би користеле купола со видео екрани или VR слушалки. Системот му обезбедува на операторот видно поле од 180 степени.

Предностите на оваа технологија се што возачите повеќе не би морале да бидат надвор од дома, а исто така би можело еден оператор да замени друг, кога ќе се појави замор и слично.

Технологијата, исто така, може да ја подобри безбедноста кога станува збор за пратки од голема одговорност. На пример, може да се користи за сложени и дели катни задачи, како што е ракување со кран за товарење дрва. Како ќе се развива оваа приказна во иднина останува да видиме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.