Словенија од вчера воведе голема промена за сите што ќе возат на нивна територија

  • By admin
  • февруари 3, 2022
  • 0
  • 712 Views

Како што е познато во Словенија живеат и работат голем број на Македонци, но и наши граѓани кои решаваат да се образоваат и да студираат тамо.

Тамошните власти до вчера се решија за промена кој и беше соопштена на јавноста и веќе започна да се применува во пракса.

Имено во Словенија од вчера веќе не може да се купи вињетка и да се залепи на ветробранското стакло, како начин на плаќање патарина.

Од 1 февруари во Словенија важат само е-вињетки, што значи дека за плаќање патарина сега треба да се посети интернет страницата dars.si и таму да се купи неделна, месечна или годишна виетка.

Купувањето се одвива во неколку чекори, а во прашалникот треба да се внесат бројот и земјата на регистарските ознаки и адресата за е-пошта, на која ќе биде испратена потврдата за плаќање.

Купената вињетка е поврзана со регистрацијата на возилото и не може да се пренесе. Секоја хартиена вињетка купена пред 1 февруари важи до истекот на рокот.

Цената на вињетката не е променета – годишната чини 110 евра, месечната 30 евра, а неделата 15.

Новина е што годишната е-вињетка сега важи една година од датумот на купување, а не, како досега, до крајот на календарската година во која е купена.

Во Словенија може да се вози со е-вињета на сите автопати и обиколници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.