Кристина Арнаудова крева раце: Навистина пробав и дадов се од себе, македонскиот бизнис сектор не даде поддршка

  • By admin
  • јануари 23, 2022
  • 0
  • 639 Views

Популарната македонска пејачка Кристина Петровска Арнаудова добро познато е дека во последен период е активна како водителка и тоа во хумана акција.

Арнаудова која е докажан хуманитарец веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на оние кои што им е најпотребно.

Денес таа се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Драги пријатели ова ќе биде малку подолго. Драги гледачи, поддржувачи на Проект Куќа и концептот хуманоста да ја ставиме на медиум и да ја направиме популарна, ви благодарам на поддршката која ја добивав во текот на целиот процес на работа на овој проект!

Се надевам дека уживавте, ви беше интересно, но од друга страна се надевам и дека навистина покажавме дека кога сме сплотени чу да се случуваат, што беше и крајна цел на Проект Куќа.

Денес ќе ја гледате последната епизода од оваа прва сезона на Проект Куќа. Постојано ме прашувате дали ќе има втора сезона, а јас не знам што да ви кажам, бидејќи колку и да сакам, реалноста е дека проектот нема доволно спонзори, а и самите бевте сведоци како доаѓав до донации и каков тежок процес беше тоа.

Едно е да имаш спонзори и екипа и да работиш на таков проект, а сосема друго е да мораш за секој дом да бараш донации од ново и од ново…па да бараш мајстори.

Драго ми е што ете покажавме дека и во Македонија се можни такви проекти, и дека знаеме и можеме, но од друга страна покажавме и дека македонскиот бизнис сектор особено најголемите компании, и генерално медиумите не дадоа поддршка за да можеме да продолжиме.

Ова беше наша заедничка би тка, Македонија да биде солидарна земја, каде секој ќе сака да се грижи за својот ближен. А за тоа не треба многу.

Но ете и тоа малку секогаш ни недостасуваше. Среќна сум што успеав заедно со компаниите кои се вклучија но и лицата кои донираа, да создадеме среќа, нови домови но и исполнување на соништата на многу деца.

Далеку сум од бројката која мислев дека ќе ја стигнам, а тоа беа 36 дома. Но среќна што успеавме да стигнеме и до тука.

Благодарност до сите оние компании кои беа со нас, не поддржаа, а особено на оние кои беа до мене во секој дом, Хромак, МАКЕДОНИЈА осигурување Виена Иншуренс Груп, Adziko Home Center, RiverSoft, dm drogerie markt Makedonija, Еурофарм Аптеки.

Благодарам на мојот снимател Филип Пашоски кој беше мој најдобар другар низ цела сезона, како и на сите останати сниматели!

Благодарам на мојот монтажер Благојче Торевски кој мајсторски ја изработи секоја епизода, со трпение и умешност на највисоко ниво! Благодарам на ТВ Телма за одличната соработка и вербата во овој проект.

На крај најмногу благодарам на моето семејство кое често мораше да се адаптира на моите ангажмани, и за љубовта и вербата која ми ја даваат.

Жал ми е за сите семејства каде требаше да работиме а не успеавме.Навистина пробав и дадов се од себе. Немаше компанија која не беше контактирана, и каде не беше пратен мејл. Едноставно некои работи се надвор од наша моќ.

Но Проект Среќа ќе продолжу да работи како и до сега и мојата хуманитарна работа ќе продолжи како и до сега. А Проект Куќа можеби ќе продолжи да живее во некоја друга форма…Ништо не се знае. Од срце, Кристина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.