Доктор Аголи од Дебар е човек од збор: Парите кои ги добива како советник ги донира на семејства на кои им се најпотребни

  • By admin
  • јануари 22, 2022
  • 0
  • 541 Views

Педијатарот Арбе Аголи на пошироката јавност во македонија и стана познат со почетокот на вирусот корона кога Дебар беше под карантин.

Токму Аголи беше меѓу првите доктори кои и сами беа позитивни на вирсуот.

Кога сме кај Аголи да кажеме дека веднаш по дипломирањето, во 1985 година се вработува во тогашниот Медицински центар, кој со здравствена заштита ги покрива општините Дебар, Центар Жупа, но и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Од 2004 година заедно со неговиот колега Илбер Кокале, ја отвораат педијатриската амбуланта „Педијатрија-Д“, која е единствена во поширокиот дебарски регион од каде за здравствена услуга се јавуваат дечиња од трите општини.

Познатиот дебарски педијатар, Арбен Аголи, надоместок што ќе го добива како советник во општинскиот совет на Дебар, ќе го донира на семејства со послаба социо-економска состојба.

-Дадениот збор никогаш не сум го погазил, а нема ни сега. Она што го ветив во изборната кампања и ќе го реализирам. Сите надоместоци, како советник ќе ги донирам на семејства кои се во потешка економска состојба.

Родителите секогаш ме воспитувале, а во тој дух и јас ги воспитувам моите деца, независно колку и што имам да споделувам со друг, кому му е потребна помош, вели доктор Аголи, кој е советник од Алијансата за Албанците.

И како лекар, додава, се предводам од хуманоста, затоа што чувството кога некому помагате не може да се опише. За тоа, посочува, не сакам благодарност, доволна ми е насмевката која ќе ја видам на лицата.

Дадениот збор веќе почна да го реализира. Првиот советнички надоместок по добивањето го донираше на две самохрани родители за што и сподели на својот профил на фејсбук, притоа секако не го откри нивниот идентитет за да и ја задрже приватноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.