Нов прeчка за работниците на привремена работа во Австрија

  • By klaster2
  • јануари 21, 2022
  • 0
  • 387 Views

Австрискиот парламент усвои закон за спроведување на мерките за ковид, кој предвидува големи санкции за непочитување на правилата.

Со тој закон општинските власти сега добија можност да затворат правни субјекти на најмногу една недела, доколку претходно во три наврати е утврдено дека се прекршени законите за епидемиолошките мерки.

Така, стопански субјект по трикратно непочитување на мерките, како што е пречекорување на лимитот на број на лица или неконтролирање на документи, може да биде санкциониран со мерка итно затворање.

Новина е и тоа што трудовите инспектори и надзорните тела за спроведување на законот за безбедност на храната и потрошувачите имаат овластување да го контролираат согласно мерките за ковид.

Министерката за туризам Елизабет Кестингер рече дека секое правно лице кое не ги почитува мерките за корона мора да биде санкционирано.

Оваа мерка најмногу ќе ги погоди угостителите, бидејќи сега надлежните ќе можат да затвораат без поголеми бирократски процедури.

Донесувањето на законот ќе има пос ледици за сите кои не се вакцинирани во земјава, но особено ќе ги погоди негувателките.

Во Австрија голем број негувателки од Балканот и Истокот се грижат за старите и болните и често се вакцинираат со вакцини кои не се признати во ЕУ.

Каритас истакна дека во Австрија околу 60.000 луѓе работат во здравствена заштита и нега на стари лица, кои претежно се од странство, а кои првенствено се вакцинирани со некој непризнати вакцини

Каритас побара на луѓето со овие вакцини да им се даде статус на излечени од Ковид19, за да се спречи недостатокот на старатели.

Сепак, политиката не го послуша Каритас, па законот вели дека се прифаќаат само пет вакцини одобрени од ЕУ – Biontek / Pfizer, Moderna, Johnson & Johnson, AstraZeneca и Novavax

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.