Перо Антиќ проговори за љубовта: Кажа како започнал со Катарина Ивановска

  • By admin
  • јануари 17, 2022
  • 0
  • 422 Views

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во Македонија, Перо Антиќ по долгата и исполнета интернационална кариера реши да се врати во нашатата држава.

Антиќ како што е познато беше избран за претседател на кошаркарската федерација на Македонија, функција која веќе извесен период ја извршува.

Освен што враќањето во Македонија му донесе нова функција, тој реши да сврте и нов лист на љубовен план.

Првиот Македонец во НБА за последен пат играше во Црвена Звезда и реши тивко да стави крај на својата играчката кариера, но и крај на бракот со Ружица.

Со веќе поранешната сопруга како што е познато Перо има три сина со кои минува доста време за што објавува и на социјалните мрежи.

Тој периодов е актуелен по гласините за врската со моделот Катарина Ивановска иако традиционално вешто успева да ги избегне љубопитните прашања поврзани со личниот живот.

Но, неодмана во отворено поставените прашања во шоуто на Јутјуберот Лазарвољ, Антиќ иако со кратки одговори, сепак обелодени дел од својата приватност.

Откри дека вози автомобил кој изнесува 200.000 евра, но и дека најголемиот бакшиш кој го оставил за песна изнесувал 7.500 евра.

Раскажа дека сака да прославува хед онистички, но и дека убаво се забавува без ал кохол, односно им порача на младите дека можат да пијат сокови и да си поминат убаво.

На прашањето која според него е најзгодна од трите дами, Лила Филиповска, Маријана Стојановска или Катарина Ивановска, тој веднаш одговори дека Катарина е најзгодната.

Во продолжение Лазаров го праша како им започнала врската на што Перо даде краток одговор:

„Романтично, како познати претходно се знаевеме, здраво, здраво“ изјави Антиќ и кажа дека за приватниот живот не сака да зборува.

Манекенката Катарина Ивановска неодамна во интервју за „Бекстејџ“, конечно откри во какви односи е со Перо Антиќ. Имено, на прашањето дали се во врска, манекенката одговара потврдно и потенцира дека се заедно.

„Среќни сме заедно“, со насмевка на лицето вели Ивановска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.