Германија вакво нешто не памети 30 години

  • By admin
  • јануари 6, 2022
  • 0
  • 353 Views

Германскиот производител на автомобили Мерцедес Бенц повлече повеќе од 800.000 возила ширум светот. Повлекувањето на возилата е предизвикано од дефект во системите за ладење.

Компанијата ги повлекува линиите на дизел модели од C, E и S-класа, како и СУВ, СГЛЕ, ГЛС, ГЛЦ и Г-Клас.

Проблемот со пумпата во системите за ладење на овие модели, кои се произведени помеѓу јануари 2017 и октомври 2021 година, беше дефиниран како важен и ризичен.

Од компанијата изјавија дека станува збор за технички дефект што претставува опасност од пожар.

Од возачите било побарано да не ги користат своите возила и да одат во најблискиот салон на Мерцедес. Околу 240 илјади од над 800.000 повикани возила се наоѓаат во Германија.

Значително помалку нови автомобили се регистрирани во Германија во 2021 година, што ги покажува континуираните негативни ефекти од кр изата Ковид врз клучниот автомобилски сектор, според најновите податоци објавени во средата од ДПА.

Бројот на регистрирани нови автомобили во 2021 година во Германија е намален за 10,1% на 2,62 милиони возила во споредба со 2020 година, соопшти Федералната служба за патен транспорт.

Ова е најмалиот број на нови автомобили регистрирани во водечката европска економија од 1990 година.

Само во декември 2021 година, регистрациите на автомобили во Германија се намалија за дури 26,9% на годишна основа до 227.630.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.