Жителите на балканските земји кои ја напуштаат Западна Европа и се враќаат во своите домови за божикните и новогодишните празници направија денеска огромна гужва на границата меѓу Унгарија и Србија, каде илјадници возила со часови чекаа да го поминат преминот.
Голем број луѓе од Србија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина работат и живеат во повеќе западно-европски земји а традиционално за празниците и одморите, дали во зима или на лето се враќаат во своите матични држави.
Стотици автомобили и автобуси, воглавно со патници од западните земји кои доаѓаат во родните места за божиќните и новогодишните празници изминатите денови чекаат по околу еден час за да влезат во Македонија на граничниот премин Табановце.
Нашинците од Германија, Австрија, Холандија, Белгија, Шведска и други држави деновиве ја наполнија државата, но и финансиски државата.
Дијаспората во текот на 2020 година во нашата земја испратила 361 милион евра, што претставува околу 3,4 отсто од БДП на државата, но сепак нашата земја има помалку дознаки во споредба со земјите од регионот.
Според податоците на Евростат, парите од гастарбајтерите од странство за Србија се околу 7,2 отсто. на БДП. , во Босна и Херцеговина – 9,3%, во Албанија – 9,8%, во Црна Гора – 12,5% и во Косово – 18,5% од БДП.
А во апсолутни бројки имаме убедливо најмалку дознаки од дијаспората, споредено со целиот регион. Најголем прилив на странски средства има Србија – 3,37 милијарди евра, потоа Босна и Херцеговина – 1,63, Албанија – 1,27, Косово – 1,25, Црна Гора – 524 милиони и на крајот Македонија со 361 милион евра.
Според податоците на Евростат, во земјите на ЕУ најголема зависност од лични дознаки од странство во 2020 година имала Хрватска – 7,3 отсто од БДП, потоа Летонија – 3,2 отсто од БДП и Романија – 3,1 отсто.
Процентот на зависност од странски грантови се пресметува како процент од вкупните лични трансфери во однос на бруто домашниот производ.