Билјана од Скопје во солзи: Ја изгубив куќата поради здравјето на децата, работам на пазарче за 200 денари за да ги прехранам децата

  • By klaster2
  • декември 19, 2021
  • 0
  • 651 Views

Билјана Блажевска од Скопје е мајка на две деца. Поради здравјето на двете деца ја ставила куќата под хипотека а денес живее без основни услови за живот.

Како што вели Билјана живеела убав живот, 40 години брак со Јосиф за кого вели дека бил одличен брак, но во еден период ќе и се случи голема пресвртница. Детето ослепува, го губи сопругот но и куќата.

– Имав нормален скромен живот во слога, сопругот работеше во една фирма но таа отиде во стечај и тој земаше саом 4.000 денари примања.

– Јас сум самохрана мајка на две деца, кој се бо лни и неспособни за работа. За да ги спасиме ја ставивме куќата под хипотека и ја изгубивме.

– Едниот син почна матно да гледа, го носевме по доктори а тој го изгуби видот потполно. Бевме и во Белград на лекување.

– Не успеавме да вратиме пари и куќата ја изгубивме, со тие пари што ги имав ја изградив оваа соба каде што живееме сега. Го изгуви и сопругот а тоа беше дополнителен уд ар за мене.

– Сега сум приморана да работа на зелено пазарче за да ги прехранувам децата. Кога дојдов овде две години живеев без струја, само на свеќа, вели Билјана за ,,Срце на Дланка”

– Сама започнав да ја правам оваа карабина, овде помогнаа неколку луѓе, морам да ги издовјам и католичките сестри кој ми помогнаа многу.

– Средив колку толку, сега од минималната пензија, нешто давам на извршители, нешто за лекови, и враќам кон луѓе што ми давале, а работам и за 200 денари надница на зелено пазарче.

– Можеби 12-13 години месо немаме пробано, на пазар ми даваат некој компир, домат и слично. Кога дојде празник сите се радуваат а јас плачам.

– Кога јас ќе заминам, незнам децата што ќе правам, затоа се молам на Бог да ме поживее. Организациите да не се незнам како ќе преживееме. Од државата никаква помош немам.

– Пет дена бев без јадење, чував за синот да има за лекарства бидејќи мора да јаде покрај нив. И петтиот ден кола бирав. Дури и молев и еден комшија да ми даде барем за леб, но тој одбиваше а имаше добра плата, вели во солзи Блажевска.

– Внукот не дозволуваат да го видиме бидејќи немаме пари да платиме алиментација. Јас дали десетина пати го имам видено. Не можам ниту чоколадо да му купам на внукот.

– Да ви кажам и кучињата живеат подобро од мене. Јас не барам пари, барам само малку огрев и храна, бидејќи сме во лоша ситуација.

– Едниот син може нешто да работи само да не е многу физичка работа, тоа многу би ни олеснило, верувам во добрината на народот, вели Билјана.

Сите што сакате да помогнете на оваа жена тоа може да го направите на телефонскиот број 076/237-060 или на сметката 210501586125522 Билјана Блажевска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.