Нема кој не гледал барем една епизода од Македонските народни приказни, многумина израснавме токму со нив и тие оставија неизбришлива трага од нашето детство но и сегашност.
Научивме многу мудрости, се смеевме и подучувавме. Еден од тие актери односно од поновата генерација е и охриѓанецот Никола Тодороски.
Тој заедно со Владо Дојчиновски се едни од најпознатите преставници на поновата генерација актери и го носат епитетот на новите Ванчо и Гоце.
Никола гостуваше во емисијата ,,Магазин” на Сител телевизија и зборуваше за својата кариера, што му е во фокусот сега и зошто не снима повеќе приказни.
– Стенд ап е нешто што го работам моментално и сум најмногу фокусриан на него, можам да кажам дека овој жанр е најтежок бидејќи треба да предизвиката насмевка кај луѓето и да има смисла.
– Ова е нешто што најмноуг би сакал да го работам, не е лесно час и нешто да ги држите луѓето насмеани и да не и е здодевно.
– Секако театарот е неизбежен, матичнот Охридски народен театар во кој се трудевме 10 години да го направиме професионален и се избо ривме, а таму сум и вработен.
– Секако има ситуации кога не ти е денот или имаш некој проблем и слично а ти треба да го насмееш народот, тоа се постигнува со дисциплина, нешто што го научив во академијата.
– Народните приказни ги снимав за неколку телевизии, многу епизоди, и едноставно осетив презаситеност. Се појави многу продукции што снимаат нешто со што би ги доловиле македонските народни приказни.
– Се решив да променам нешто во мојата кариера, а секоја промена е добредојдена, па така фокусот го ставам на станд апот, вели Тодороски.
– Кога имам слободно време тоа сакам да го искористам и да го поминам во природа, таму се чуствувам многу убаво, додава тој.