Да бидеме луѓе и во добро и во лошо, вели Миодраг Јовиќ, угостител од Трбушница- Србија. Изминативе денови тој предизвика многу позитивни коментари на социјалните мрежи, бидејќи им нудеше бесплатни оброци на оние кои немаат да платат.
Нема жител во околијата, велат тие, кој не слушнал за газда Миодраг или популарно Шучур. Го знаат повеќе по прекарот отколку по името, а најмногу по хуманоста.
Миодраг е многу хуман човек и човек со големо срце. Неколку пати бев тука во ресторанот кога еден човек ручаше, праша за пари а газдата рече дека не треба да плати“, вели Нада Куновац од Лозница.
,, Се сеќавам дека долго време овде ручаше еден човек, можеби над четири години, човекот беше сиромашен, а газдата не му побара ниту денар.
,, Тој е пример по кој треба да се водиме и сите ние, да гледаме и да помагам во ова тешко време за живеење, вели пријателот Стојан.
„Ако некој е гладен и нема пари, ќе добие бесплатен оброк од мене“, изјави неодамна сопственикот Шучур преку социјалните мрежи.
„Ништо не ме чини, многу јадат остануваат така, има многу гладни, кој сака нека повели“, да токму така нека донесат тацна, котле или било што ќе им ја наполнам чинија грав, гулаш и слично“, вели Миодраг Јовиќ за ,,РТС рс”
Одлуката за бесплатните оброци, вели, ја донел пред повеќе од дваесет години, кога отворил кафеана, бидејќи многу луѓе му помагале во животот, решил и тој да помага.
– Нема поголем поклон од тоа кога ќе видиш дека во твојот локал седат луѓе јадат и си заминуваат среќни, парите немора да се во прв план.
– На почетокот се соочував со многу проблеми, беше доста тешко, многу луѓе ми помагаа, не ги заборавив а сега на сите помагам колку можам.