Вчерашната сторија објавена во „Срце на дланак“, а нпренесена на Кластер.мк за Бранко Цветковски од скопско Волково кој е самохран татко на седумнаесетгодишно дете со посбени потреби доведе до големи реакции во јавноста.
Бранко животот не го милувал Најпрво останал бес својата жена а потоа и без работа, а сега и без својот дом, кој бил опож арен пред два месеци, а сега е под отворено небо со своето дете.
Овој човек животот не го милувал воопшто, му задал многу уд ари. Се оженил пред 20 години а за жена му вели дека таква повеќе не би се родила.
Сега е препуштен заедно со својот син Бојан на ми зерен живот во голема сиромаштија и без покрив над главата, а својата приказна ја раскажуваат пред камерите на ,,Срце на Дланка”
– Овде живеам долги години, живеев со жена која повторно не би се родила, се викаше Латинка, ја изгубивме неа а тоа беше голем прес ек за мене и за детето.
– Бојан е седмомесече, тој се разбира но неможе да зборува оди во училиште за деца со посебни потреби. Го носам и го чекам таму бидејќи е далеку.
– Имавме некој работи, но по тоа што не снајде останавме буквално без ништо, домот се претвори во остатоци на кој само ќе се сеќаваме, вели Бранко.
– Јас бев во улилиштето со детето, се вратив овде беа сите служби и имав што да видам, се се срамни со земја, а од тогаш никаква помош.
Денес веднаш за него се заложија институциите, поточно градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојков кој го посети и му вети помош?
Пот ресна е животната сторија за чичко Бранко и неговиот син, лице со попреченост во развојот. Куќата во која живееле е уни штена до темел во септември.
Таа би била функционална само ако се изгради одново. За жал, тој изгубил сѐ што имал. Летото го поминувале во подрумските простории, а извесен период живеат кај роднини.
Се заложивме да направиме сѐ што можеме за да најдеме привремено сместување и достојни услови за живот, додека трајно не се реши проблемот. Општината ќе помогне и финансиски во рамки на програмата за помош на лица со социјален риз ик.
Делуваме и институционално. Веднаш испративме и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега.