Љуба Стојановска од Скопје е жена која половина живот е осамена, живее од социјална помош која како што вели не стигнува ниту за половина месец.
Тетка Љуба ја губи својата мајка на шест годишна возраст, и од тогаш започнува нејзиното талкање по животот, таа нема никој покрај себе ниту основни услови за живот.
Таа останува без родителл и набргу потоа заминува во дом за згрижување каде ќе помине одреден дел од својот живот, а потоа ќе стане и социјален случај.
– Ја изгубив мајка ми кога најмногу ми требаше, таа беше глува и возот ја зга зил не го слушнала како доаѓа и замина во вечноста, вели Љуба за ,, Срце на Дланка”
– Татко ми пак беше многу стар, разликата помеѓу нив беше голема и веднаш дојдоа и ме зедоа во дом, каде имаше и убави и лоши моменти.
– Додека се навикнав во домот ми требаше време, ја барав мајка ми и плачев не беше лесно, завршив основно образование.
Откако излегла од домот се вработила во една текстилна фирма, од каде што за брзо време ќе мора да прекине бидејќи ќе има здраствени проблеми.
– Првиот ден откако излегнав од домот беше тежок, престојував кај една стара жена во Козле, јас никогаш не сум имала свој дом во животот, и сум под кирии секогаш.
– Започнаа и проблеми со бо лестите, имав неколку зафати на бубрезите и на гениталните органи, без кој неможам да има потомство.
– А жена без да може да има потомство никој не сака и така цел живот го поминувам, и како мала бев само и сега сама, вели оваа напа тена жена.
Љуба зима помош од пет илјади денари, половина од нив ги дава за кирија, а на работ на егизистенција е во секој момент.
Таа бара работа да чисти, во ресторани и други места само за да има да се прехрани, бидејќи како што вели од работа не се срами.
– Одам и работам, прашувам секаде и каде ќе најдам одам, морам бидејќи вака неможе, се радувам можеби само кога е Нова Година, инаку не.
– И на родендени така бидејќи е посебен ден, ќе почастам некој можеби, инаку нема каде да викнеш, прсторот е многу мал да викнеш некоја комшивка.
– Најголема желба ми е да се разбудам по свој покрив над глава и 20 квадрати да се ама мои да се, би била посреќна и по ведра, вели таа за крај.
Доколку сакате да и помогнете на оваа жена достоинствено да го доживее својот живот и да биде среќна тоа може да го направите на телефонскиот број или на трансакциската сметка во продолжение.