Во последно време често е споменувн – Никола Груевски се огласи за првпат по изборите

  • By admin
  • ноември 14, 2021
  • 0
  • 446 Views

Поранешниот премиер на Македонија и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски кој се почесто е споменувам во медиумите, како кај нас така и во регионот, за првпат се огласи на фејсбук по локалните избори.

-Ослободувањето на Скопје од фаш истичката оку пација е во ен триумф на македонските партизани во Народно-ослободителната бор ба.

Тој триумф имал и своја цена, а тоа се 426 бо рци-жр тви во акциите, не сметајќи ги цивилите на 12. и 13. Ноември, но и ден подоцна, на 14. Ноември, кога Скопје е веќе ослободено, но сè уште се вршат последните масовни акции за чистење на теренот од фаш истичките ок упатори во различни делови на градот.

Ослободувањето на Скопје е сложена и обемна операција со висок ри зик на голем број партизански дивизии и батаљони кои координирано, главно пешадиски, по опколувањето на градот во координиран на пад, во улични би тки и престрелки го истиснуваат окуп аторот.

Тоа е во време кога веќе на 5.Септември 1944 година во Бугарија настана превратот и фаш истичката власт е заменета со комунистичка.

По краткото повлекување на бугарската во јска на 5. Септември, новата власт повторно пратила во јска, овој пат со цел да помогнат во ослободувањето од фаши стите, а последните бедеми на одбраната на окупаторот се германските војн ици и балистите.

Сите ние кои не сме современици на тоа време, се запознаваме од настаните, од оставените записи и сведоштва. Тие говорат дека пред ослободувањето на Скопје, се случиле ослободувањата на Штип и Велес каде бугарската во јска не земала активно учество и била стационирана во непосредна близина.

Бројни херои-учесници во ослободувањеро на Скопје во своите Спомени сведочат за тоа време.

Командантот на партизанските единици, генерал Михајло Апостолски за ова сведочи со следните зборови:

“Набргу по нивното заминување, кај мене дојде еден командант на полк и ми рече дека сакале да одржат парада во Скопје. Во меѓувреме, влегле и некои единици во индустрискиот дел на градот.

Ваквото барање и доаѓањето на некои нивни единици во градот, кај мене предизвикаа голем рев олт и лутина. Веднаш им реков дека нема да можат да одржат никаква парада во Скопје, зашто парада одржува само оној што се борел за Скопје, а тие пу шка не пук нале за неговото ослободување. Им наредив веднаш да го напуштат градот.“

Многу поексплицитен е првоборецот и генерал во НОБ, Боро Чушкар, кој во неговите мемоари и сеќавања ги опишува настаните и говори за манипулацијата на Радио Софија која на големо ги манипулирала бугарските граѓани дека бугарскиот Генерал Стојчев лично го ослободил Скопје:

“Стигнавме кај Железничката станица во последна минута. Бугарските осмореди само што не беа тргнати по главната улица на параден марш.

Рипнавме од коњот и Ѓуро и јас. Му пријдовме на најстариот по чин офицер. Беше тоа командант на дивизијата, а по чин беше Генерал-мајор. Сув, слабичок и некако жолт, како лимон.Отидов и го прашав:

„Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека вој уваме против вас четири години? Да ви ја еб ам мајката фа шистичка! Знаеш ли ти, ѓуб ре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пу ка кон вас од сите ору жја и ор удија што ги има во градот!?

Се влечете како леш инари по нас и јавувате по радио како ја „ослободувате Македонија”!? Каде вие испаливте кур шум за ослободување на Велес и Скопје, да ви еб ам мајката!

Што ви дава за право така гад но и подло да се лажете себе си и светската јавност!? Сместа во овој момент ќе им наредите на војс ката да се сврти на лево круг и сите да се вратите во касарните од каде и дојдовте. Дали разбравте, генерале? Со нас шали ќе нема!“, му реков нему, а кога завршив, видов дека сè уште го држам за градите како детска играчка.

Тој цело време трепереше како штиклица. На крајот, сепак, отсечно рече „Јасно другар. Но јас не сум вино вен. Таква наредба добив“.

Тогаш јас повторно викнав: „Да им еб ам мајката на оние што ти дале наредба за ова. Наредби они можат да дадат за изведување вежби во касарните каде ве примивме како гости, а не да ми се маате и парадирате по градот. За тоа само ние можеме да дадеме одобрување, а не твојата посрана влада од Софија. Дали сега ти е јасно?“, го прашав.

„Сичко ми е јасно“, рече тој. Тогаш тој престрашен генерал со сув глас нареди круг на лево, и се вратија.“

Скопје и пред и по Втората светска во јна имало и ќе има нови предизвици во неговиот развој и секоја генерација треба да се труди да остави што посилен белег во тој развој, како што и јас и моите соработници вложивме големи напори и направивме огромен број дела и активности во тој правец кога бевме на одговорни функции доверени од граѓаните Нека е честит денот на ослободувањето на Скопје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.