Одлична група составена од Душан, Вук, Стефан, Марко, Дејан, Милош, Игор и Бојан, на возраст од 24 до 36 години, деновиве се одзва на повиците на оние на кои им помош.
Конкретно цепење на дрва и сето тоа го прават бесплатно од се срце со цел ран ливите категории да се чуствуваат помирно.
Нивниот мотив, како што велат, е ведрото и насмеано лице на домаќинот на кој му прават услуга, а гледајќи по гестот на овие млади момци, кај луѓето сепак има добрина и емпатија.
Во време кога човештината се изразува се помалку и интересот на народот е фокусиран кон правење пари и целење само кон парите.
Кога се гледа само право и не се погледнува на човекот на кој што му е потребна помош, исклучок има една група млади момци.
Тие се дружат уште од најмали години, и навистина се за пример, за разлика од нивните врсници кој гледаат и мерат се во парите ова младина е одличен пример за тоа како треба и кој вредности да се негуваат во животот.
– Не сме и ние некој кој имаме многу, но тука сме да помогнеме на луѓето на кои ова им е најпотребно и кој имаат неопходност од нешто, вели Стефан.
– Зимата е на самиот праг, студените денови веќе се присутни, а огревот е решение кое сите го бараат овој период, хуманоста нема граници, додава Стефан.
– Чуството кога ќе помогнеш на некој те исполнува и ти дава енергија и неможам да ви опишам тоа кога сите сме соберени заедно правиме муабет и работиме, вели Дејан.
– Еве сега цепиме дрва имаме околу 10 кубика кај една самохрана мајка, пред два дена пак бевме кај еден дедо кој е осамен и не повика да му помогнеме.
– Овој период сме доста ангажирани, но што е најбитно сето тоа го работиме со многу љубов, насмевка, шеги и единство, вели Душан за ,,Огласна табал- Ужице”
– Сите ние овде се знаеме од мали нози, другаруваме, а решивме нашете единство да го искажеме преку помагање таму каде што е најпотребно, каде и да треба ќе отидеме, вели Бојан.