(ФОТО) Девојката на Алиоски е вистинска убавица – Џани со честитки за својата сакана плавуша

  • By admin
  • ноември 13, 2021
  • 0
  • 452 Views

Езгјан Алиоски или популарно Џани важи за едне од најдобрите македонски фудбалски репрезентативци и неосмнено човек кој е најхаризматичен.

Алиоски е роден во 1992 г. во прилепското село Црнилиште и заминал во Швајцарија уште како дете, каде ја започнал својата фудбалска кариера.

Алиоски ја започнал својата кариера во вториот тим на Јанг Бојс каде во периодот од 2010 до 2013 постигнал 4 гола на 57 натпревари. Во јануари 2013 година преминал во Шафхаузен како позејмен играч каде подоцна прави и целосен трансфер. За екипата на Шафхаузен постигнал 4 погодоци на 77 натпревари.

Во јануари 2016 година, Алиоски преминал во редовите на прволигашот Лугано на заем до крајот на сезоната 2015-2016. Своето деби за Лугано го направил на 13 февруари во поразот со 2-1 од Тун.

Иако бил доведен како лев бек, тренерот на Лугано Зденек Земан увидел во него голем напаѓачки потенцијал и започнал да го користи понапред како десно крило па дури и како напаѓач до крајот на сезоната. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 11 мај 2016, во победата со 4-0 над Цирих.

По завршувањето на заемот, Алиоски потпишал перманентен договор со Лугано во јуни 2016 откако претходно му истекол договорот со Шафхаузен. Во сезоната 2016-2017, Алиоски постигнал 16 гола и имал 14 асистенции (со што бил трет во првенството во двете категории) во 34 првенствени настапи за Лугано. Исто така бил избран во Идеалниот тим на сезоната во швајцарското првенство.

На 13 јули 2017, Алиоски потпишал четиригодишен договор со англискиот клуб член на Чемпионшип, Лидс Јунајтед.

Ова лето се одлучи да замине во Саудиска Арабија каде потпиша за Ал Ахли

Македонија се наоѓа пред клучниот меч за пласман во баражот за СП во Катар, а Езгјан Алиоски е задоволен од досега направеното, вели дека не е случајно туку е резултат на напорна работа, тој верува во триумф над Исланд.

Езгјан Алиоски е задоволен од досега направеното, вели дека не е случајно туку е резултат на напорна работа, тој верува во триумф над Исланд.

По победа над Ерменија, сега македонските фудбалери се насочуваат кон неделниот натпревар против Исланд.

„Среќни сме и во животот нема ништо случајно. Сета оваа наша работа го покажува сиот наш квалитет и тоа се гледа, од Македонија до 21 година и што направи таа, па ние игравме Европско првенство, а сега сите повторно сме тука за нова историја.

Јас сум оптимист и одиме да го победиме Исланд. Дури и да не победиме, ние сето ова што го направивме и сите овие резултати, се скор најдобар во историја. Но, сигурен сум дека со Исланд ќе дадеме сѐ и ова што го направивме со Ерменија да го повториме. Сакаме нова историја“. вели Алиоски.

„Во фудбалот нема фаворит и како поеднинец не може да кажеш може, туку како тим. Ние сите одиме да победиме, треба да влеземе со таква мисла, да мислиме сите на тимот. Сега играме за победа и историја и сега сите имаме голема мотивација. Нормално е дека одиме на победа“.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра во недела со почеток од 18 часот.

На првиатен план, Џани има девојка во која е многу заљубен што може да се заклучи по објавите на социјалните мрежи. Тоа е згодната плавуша,Швајцарката Орнела Лофлер.

Во една прилика поранешниот соиграч на Џани од Лидс, Бамфорд за неговата девојка кажа:

„Не можам да ви го опишам Џани. Тој е како мало дете кое има шеќерна волна. Откако се пласиравме во Премиер – лигата отидовме на одмор и таму момците со себе ги земаа девојките и сопругите.

Си помислив, добро е, доаѓа со својата девојка и таму ќе биде помирен. Но, не, напротив, беше истиот, дури правеше и повеќе гл упости. Полошо од се е што девојката на Џани е исто лу да како него“, открива Бамфорд.

Џани на својот профил на Инстаграм и го честиташе родендено на својата сакана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.