Никола Петронијевиќ, живее во село на планината Голија со својот татко Миливое. Мајка му по чинала, а тој вели дека татко му претставува се за него на овој свет.
Момчето секој ден се возело по околу 15 километри до училиште, а потоа се враќало дома, ако таа трошна куќа воопшто неможе да се нарече куќа.
Миливое и Никола немале никакви услови за живот, спиеле заедно во еден кревет, а сонувале за тоалетот. Но хуманитарецот Хидо ќе и го смени животот.
Хуманитарецот Хидо Муратовиќ од Нови Пазар решил да им помогне и за само неколку месеци нивниот живот од корен се променил.
Добија нова куќа, а кога последен пат го видовме Никола, неговиот сон беше да продолжи со школувањето, што и се случи, велат од ,,Курир рс”
Никола пред некој период заврши осмо одделение, и размислува за својата иднина, а како што вели физичко му е најомилен предмет.
Во септември минатата година ,, Курир рс” го посети Никола и неговиот татко со хуманитарецот Хидо Муратовиќ од Нови Пазар, а по емитувањето на нивната приказна нивниот живот почна да се менува.
– За девет дена им изградивме куќа, две соби, бања и ходник и не ми се верува колку е сега среќен малиот Никола – рече Хидо, кој потоа не однесе во посета на ова семејство.
Овој пат се беше поинаку кога го посетивме семејството Петронијевиќ. – Се е сменето, мебелот е ставен, бањата е направена, фасадата. Се е направено во куќата, имаме ТВ како и електричен шпорет, вели Миливое
– И јас конечно ја имам својата соба, Хидо ми донесе многу работи. Јас сум пресреќен. Сакам да продолжам со моето образование.
Би сакал да се запишам во сообраќајно училиште и подоцна да се вработам – вели Никола, а татко му вели дека помошта им значи многу и дека сега се среќни што имаат тоалет.
Никола сега гледа во подобра иднина, а неговиот татко сака да се погрижи неговиот син да оди во Крагуевац за да го продолжи своето образование.
– Во Крагуевац има студентски дом. Сообраќајната школа им е добра, не знам дали ќе издржам финансиски, но во моментов најважно е да се запише.
– А за останатото ќе се погрижам, ќе направам се Никола да ги има сите услови за школување. Ќе работам приватно, ќе работам се – вели Миливое.