Лиде на Венко искрена како никогаш до сега: Во Македонија на народот не му е до музика

  • By admin
  • ноември 9, 2021
  • 0
  • 403 Views

Доколку сте изгледале барем две прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче од почетокот на корона-кризата, сигурно сте налетале на некој од креативните коментари на неговата најголема обожавателка Лиде Лиде.

Низ времето, нејзините коментари станаа симбол на лајв видеата од обраќањата поврзани со ви русот, разведрувајќи ја негативната атмосфера во јавноста со изразување љубов кон министерот или некоја креативна покана за кафе.

Таа често пати јавно преку социјалните мрежи и медиумите изрази отворена желба да оствари средба и да се запознае со Венко, па и да испие кафе.

Популарната Лидија, која на социјалните мрежи е претставена како Лиде Лиде често знае да се најде во коментари на објави кај министерот за здравство Венко Филипче.

На почетокот од панде мијата, Лиде Лиде беше редовна со коментари на прес конференциите на министерот, па во една прилика кога беше гостин во нашата емисија го прашавме Филипче, дали ќе има и средба со Лиде Лиде.

Министерот остана на ветувањето, а Лиде Лидер на социјалните мрежи објави фотографија на која пишува „конечно го сретнав“.

И двајцата поради вирусот на себе носат заштитни маски, а таа на Лиде Лиде е уникатна и со натпис „Лиде Венко“.

Популарноста на Лиде од тогаш постојано расте, а за тоа придонесуваат нејзините активности на социјалните мрежи.

Овојпат Лиде се реши да отиде уште еден чекор напред, па реши да направи и сними песна која привлече големо внимение.

Истата е насловена како „Шефот“, а во спотото Лиде се појавува во облека на обезведување, па по повод ова таа ни даде изјави и кажа:

„Вистинска приказна е песната. Не сум пејачка, но може да кажам дека сум креативец и забавуваж со коментарите на пресовите 2020 та,пар одија на познати личности,песни,емисии на јутуб.

Песната е за еден од поранешните таканаречени шефови. Да градам музичка кариера,хм па и не би било лошо,ама со оглед какво поднебје сме малце тешко. Тука опс еднати се со политика,затоа сите се свртеа да влезат у парламент“, изјави Лиде за Кластер.мк

Песната може да ја слушнете, како и да го погледнете спотот тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.