Животот на Марија (22) и Лазар (16) од Земун се смени преку ноќ. До пред еден месец беа среќни со семејството, а потоа корона вирусот им одзеде се.
За четири недели нивниот татко, мајка, баба и прабаба се разболеле и по чинале од Ковид 19. Тие останаа без семејство, без приходи, без услови за живот и школување.
Марија и Лазар живеат со нивниот дедо, кој моментално е во болница поради последиците од вирусот и тој е единствениот кој се спасил.
– Дедо се разболе прв, па баба ми која се грижела за него, па тато и на крај мама. Дедо тој е единствениот што се извлече.
– Бабата беше болна и пред короната, но најдолго издржа без респиратор. Мама и тато беа примени во болница на 7 октомври, а мама беше ставена на респиратор по само два дена и по чина на 16 октомври.
– Истиот ден брат ми беше хоспитализиран, но за среќа беше пуштен една недела подоцна. Тато замина од овој свет 10 дена по мама – на 26 октомври.
– И двајцата имаа 46 години. Мама беше вакцинирана, а тато не и немаа дополнителни болести или тешкотии – вели Марија за ,,Пинк”
Таа додава дека нивниот дедо е добро, но дека последиците од короната му прават проблеми и се уште се одразуваат на неговото здравје.
– И двајцата се трудиме да бидеме добри, мислам дека нашите родители би сакале да се држиме заедно. Многу луѓе ни се обратија и ни понудија помош – вели Марија.
Таа е втора година на медицинскиот факлутет , додека нејзиниот брат Лазар е средношколец, а сега се препуштени сами на себе.
Како што вели, во моментов им е потребна финансиска помош бидејќи останале без редовни месечни примања и без поддршката од најблиските.