Денес срцата ни ги стопли Марјан од Велес. Иљада лоши коментари ги брише само еден ваков искрен текст испратен од срце.
Ти благодариме за поддршката, ова ни е огромна мотивација и воедно ни значи повеќе од секоја награда.
Здраво Панчо и Андреј, Не Ви пишувам во врска со Вашата музика која заедно со музиката на Лозано и Каролина е единствена која ја одржува во живот зам ренава мак сцена, оти на луѓево веќе и не им е до песна и во Македонија скоро и да нема музика.
Вие сте единствена светла точка, кои имате и квалитет и континуитет, впрочем затоа и траете веќе 20год. И тоа зборува само за себе.
Но јас Ви пишувам во врска со Вашата хуманитарна работа. Пред се морам да искажам благодарност и целосна поддршка за Вашите напори.
Просто се најдов предизвикан познавајќи ја природата на македонскиот народ. Не можам да генерализирам секако(како и со се останато), но искуствено знам дека улиците ни се полни со х ејтери, негатори, дефетисти, интернет тр олови, лоши и малициозни луѓе.
Луѓе кои секоја прилика перфидно ја користат. Ама хеј, во секоја корпа има по некое рас ипано јаболко.
Така и со вашата хуманитарна работа сум просведочил неколку прилики каде сте најмалициозно на паѓани дека само вршите себепромоција, дека барате медиумска атенција и дрн дрн дрн. Класика. Видено, чуено, проверено. Такви човечиња сум искусил насекаде.
Вие само треба да знаете дека има луѓе кои следат и знаат дека немате лоши намери и за тоа не забораваат и Ве респектираат.
Не сум ја заборавил поддршката и помошта која ја пруживте при пожарот на Велешко Езеро, се уште се сеќавам на милата бабичка што мораше да седи и продава цвеќиња на улица за да ја поткрепи трошната пензија, и секако семејството од Ерџелија чиј случај го актуелизиравте, и многу други за кои се знае и не се знае.
Дури и да не сте помогнале финансиски(а секако дека не е така), доволна е актуелизација на нивните случаи за да се запознаат и други луѓе со добри намери кои можат и сакаат да помагаат. Во Македонија се уште има добри луѓе
Ви благодарам и Ве поздравувам. Секое добро.Марјан, Велес