(ФОТО) Ќерката на Лазар Бараков е вистинска убавица – татка си и честиташе со убав повод

  • By admin
  • ноември 6, 2021
  • 0
  • 701 Views

Без сомнение Лазар Бараков важи за еден од најпознатите македонски актери кој својата слава ја стекна најмногу благодарение на македонските народни приказни.

Тој е горд татко на три деца, двете ќерки, Македонка и Викторија и синот Александар. Едната ќерка, Македонка со својот сопруг и детето живеат во Германија, додека Викторија е архитетке.

Таа реши да проговори за својот животен пат и професијата и меѓу другото кажа:

„Јас сум дел од тимот на вкупно 5 архитекти – тенант координатори. Мојата функција како Архитект – Тенант координатор е да ја координирам работата при дизајнот и изведбата на продавниците на Закупците, односно менаџирање на потребите на закупците, координација, проверки на техничка документација, инспекции на материјали, теренски контроли и.т.н. Моментално водам 37 продавници.

Мојата професија е архитект со завршени магистерски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Моето досегашно искуство во најголем дел е сконцентрирано во градежништвото. Имам 3,5 годишно искуство како инженер во изведба, и дел во проектирање.

Првенствено имам работено на високоградба но исто така и на нискоградба. Прв пат учествувам во изградба на ваков грандиозен јавен објект. Да се работи на објект како што е Ист Гејт Мол е најголема чест за еден инженер.

Среќна сум што сум дел од врвен тим на професионалци, луѓе кои воодушевуваат со знаење и искуство и од кои имам можност да учам и да се надоградувам.

Моето утро започнува со шолја зелен чај проверка на електронската пошта. Делам канцеларија со нашиот Тeam Leader, а тоа секако е огромна предност.

Комуницирам со повеќе од 50 луѓе дневно. Посебно овој период станува се подинамично бидејќи закупците ги превземаат локалите и комуникацијата со луѓето вклучени во процесот се одвива интензивно.

За мене Ист Гејт претставува најголемиот шопинг мол во регионот, дизајниран по највисоките стандарди. Повеќенаменски центар за шопинг, забава, храна и рекреација, со низа активности за сите возрасти и вкусови. Се што сакате, ќе добиете овде.

За мене Ист Гејт е едно големо искуство што ќе ми помогне понатаму во мојата професија, и сум многу среќна што сум дел од овој проект.

Mоја инспирација се професионалците со кои имам привилегија да работам.Моето мото е биди посилен од своите изговори, направи работите да се случуваат и изненади ги сите околу себе. Ништо не е тешко кога се работи со љубов.

Mоето хоби се патувањата. Слободното време секогаш го користам да посетам некоја нова дестинација. Голема желба ми е да го посетам Мексико, се надевам дека по пандемијата ќе ја имам таа можност.

Токму ова интервју го сподели нејзиниот татко Лазар Бараков кој на својот профил напиша:

-Ќерка ми Викторија Бараков.Како првоодделенка , беше дел во некои од приказните со Колозов – незаборавните…

Фала му на Бога, не тргна по татковиот трнлив пат,… одбра друга Уметност- Архитектурата. Се што се работи со љубов и душа е Уметност. Животот е уметност…

Пред неколку дена Лазар Бараков на својот профил на фејсбук сподели заедничка фотка со својата ќерка Викторија, токму од новиот мол и притоа напиша:

Среќен роденден моја гордост

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.