Трето полувреме во Кочани за градоначалник: Многу веројатно ќе следи прегласување

  • By admin
  • ноември 2, 2021
  • 0
  • 482 Views

Според резултатите од интернет-апликацијата на Државната изборна комисија, во Кочани победник е кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Љупчо Папазов.

Според податоците за Љупчо Папазов гласале 8697 гласачи или 48,29 отсто додека за Николчо Илијев 8681 гласач или 48,20 отсто од избирачите, што претставува предност од 16 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Папазов.

Според ДИК, на вториот круг од Локалните избори во Кочани вкупно гласале 18009 гласачи или 54,62 отсто од запишаните избирачи, а има и 631 неважечко ливче.

Веќе започнуваат да течат законските рокови за поднесување на приговори до Државната изборна комисија, по што ќе следи официјализирање на резултатите.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ прогласија победа на Љупчо Папазов во Кочани.

Прославата на ВМРО-ДПМНЕ започна од изборниот штаб, за потоа со автомобили со државни и партиски обележја членовите и симпатизерите се упатија во Трговскиот центар.

-Сега од центарот на Кочани може да прогласиме победа во Кочани и цела Македонија. Сега сите да прославиме а од утре се фаќаме за работа. Благодарност до сите граѓани, и тие што гласаа и тие што не ме гласаа.

Не очекува тешка работа и период во кој ќе дадеме се од себе, истакна во изјава за медиумите од прославата во Трговскиот центар, Љупчо Папазов.

Сепак последните информации од Кочани говорат дека изборите ќе имаат и трето полувреме, односно прегласување на неколку избирачки места.

Со оглед на тоа што разликата е многу мала, можно е да се случи пресврт доколку дојде до прегласување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.