На Германија ѝ се неопходни по 400.000 нови работници годишно – особено во една дејност

  • By admin
  • октомври 30, 2021
  • 0
  • 586 Views

Германија мака мачи да најде работници за одредени бранши. Ситуацијата е особено тешка во браншите кои беа зафатени од локдауните за време на пандемијата. Оние што биле отпуштени, не сакаат да се вратат.

Иако рестораните и хотелите повторно работат и има побарувачка, бројот на вработени во овие бранши останува под нивото кое го имаше пред пандемијата.

Тоа го покажуваат податоците на Сојузната агенција за работа кои ги објави политичкиот магазин Панорама на телевизијата АРД. Според овие податоци, во јули 2021 година во угостителството биле вработени 15,6% луѓе помалку отколку во истиот месец пред пандемијата, значи јули 2019 година. Тоа во конкретна бројка изнесува 272.812 вработени помалку.

Во голем дел од услужните дејности кои беа особено погодени од затворање на фирмите мора да се зборува за корона ефектот “, вели економистот Штефан Зел.

Германскиот пазар на работна сила страдаше од недостиг на работници уште пред пандемијата. Причина за тоа пред сѐ се демографските промени: Генерацијата на „Baby-Boomer“-те оди во пензија, а на пазарот на работна сила доаѓаат сѐ помал број млади луѓе.

Институтот за истражување на пазарот на работна сила и професиите (ИАБ) со години укажува дека на Германија ѝ се неопходни по 400.000 работници годишно за да се спротивстави на надолниот тренд.

Короната во одредени бранши делуваше „како забрзувач на пож ар“ во делот на недостиг од работна сил а, вели Зел. Во моментов се особено пог одени професиите каде платите се мали, како во угостителската бранша и хотелиерството.

„Тие добија многу малку помош од државата, така што имаше голема причина во последните месеци да се направи обид за барање работа во други бранши за да може да се преживее.“

Намалувањето на работниците кои имаат т.н. „мини џоб“ (заработуваат максимално 450 евра месечно, н.з.) е особено намален во угостителството.

Во јули 2021 година, според податоците на Сојузната агенција за работа, во угостителството имало 25% помалку „мини џобери“ отколку во јули 2019 година.

Пандемијата тешко го пог оди и воздушниот сообраќај и многу го заостри негативниот развој кој беше забележлив во последните години. Според податоци на синдикатот Верди, изминатото лето браншата ја напуштиле дури 44% од вработените во воздушниот сообраќај кои работат на земја, како на пример луѓе кои ги чекираат патниците, или луѓе задолжени за багажот.

„Ситуацијата е ал армантна“, вели Мира Нојмајер од синдикатот Верди за магазинот Панорама. „Беше јасно дека лош ите услови за работа и големиот број договори за работа на ограничено време се голем проблем, што сега, во кр изна година, за последица има заминување на луѓето.“

Сторијата во целост може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.