Државата во која живеат и работат многумина нашинци ја спушти рампата за Македонци

  • By admin
  • октомври 27, 2021
  • 0
  • 732 Views

Данска и Италија со нови ковид протоколи за македонските државјани. Со најновата одлука на данските власти, Македонците ќе можат да влезат во земјата, без ограничувања или валидни причини.

Сепак, потребно е да приложат валиден ЕУ дигитален сертификат кој што вклучува потврда за примена вакцина одобрена од европската агенција за лекови, потврда за прележан ковид, не постара од 12 месеци или негативен ПЦР тест.

Со најновата одлука на италијанските власти, Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување…На македонските државјани им се дозволува влез исклучиво за работни или здравствени потреби, студирање, враќање во својот дом или живеалиште.

„Враќање или влез во Италија, се дозволува за оние државјани на Македонија кои имаат регулирано долгорочен престој во Италија и за нивните членови на семејството.

При влез или враќање во Италија од нашата држава задолжително е презентирање на: Пополнет онлајн формулар за локација, негативниот резултат на молекуларен или антигенски тест покрај што сепак следува задолжителна самоизолација и здравствен надзор во период од десет дена.

По десетте дена изолација, задолжително е да се изврши дополнителен молекуларен или антигенски тест.“ – велат од Министерство за надворешни работи.

Од земјите од регионот, од 6 септември во Албанија може да се влезе само со доказ за примена вакцина, ПЦР тест не постар од 72 часа, антиген тест не постар од 48 часа или потврда за прележан ковид, кој е валиден до 6 месеци по заздравувањето.

Со последната одлука на бугарската влада, Македонија од црвена е преместена во портокалова зона а забраната за влез во државата е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација, сертификат за прележа коронавирус како и со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Македонците кои сакаат да влезат во Грција должни се да имаат сертификат за вакцинација заедно со доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на вакцинација.

Во земјата ќе може да се влезе и со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за прележана болест. Дополнително, сите патници се должни да потполнат формулар ПЛФ формулар.

Косово нема воведен посебен режим за влез на македонски државјани а и за влез во Србија не постојат никакви ограничувања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.