(ФОТО) Македонскиот репрезентативец со романтично запросување на голема височина

  • By admin
  • октомври 24, 2021
  • 0
  • 5935 Views

Како што е познато Ердал Ракип за прв пат беше повикан во репрезентацијата на Македонија.

Фудбалерот на шведски Малме со потекло од Ресен ја прифати понудата на селекторот Благоја Милевски и беше во конкурира за настап на натпреварите на македонската А репрезентација против Лихтенштајн и Германија.

Овој 25 годишниот играч од средниот ред зборува за првите впечатоци по приклучувањето на најдобриот наш национален тим.

„Прв пат пред неколку години Благоја Милевски ми понуди да играм за Македонија. Во тој период ми требаше време да размислам.

За мене е голема чест што добив понуда да играм за репрезентацијата на Македонија и донесов одлука дека сега е вистинскиот момент да прифатам.

Разговаравме со моето семејство и среќен сум што ќе играм во дресот на македонската репрезентација. Македонија е домот за моето семејство и одлуката сега воопшто не беше тешка“.

Ердал вели дека соиграчите му помагаат во прилагодувањето на новата средина. Смета дека оваа репрезентација има голем потенцијал и очекува да напредува во наредните години.

„Селекторот и соиграчите ми помагаат во адаптацијата на новата репрезентативна средина. Разговараме и се обидуваме да се запознаеме подобро. Малку ми беше тешко првиот ден, но веќе е поинаку.

Ги гледав последните натпревари на македонската репрезентација.Оваа селекција игра добар фудбал, во тимот има многу млади фудбалери кои формираат одлична екипа.

Јас имам 25 години, сметам дека веќе сум во зрели фудбалски години и мислам дека во следните неколку години ќе напредуваме. Се обидувам да се вклопам во тимот, но без наметнување, туку улогата да си дојде сама по себе.

Оваа репрезентација ќе напредува секоја наредна година. Ништо не доаѓа веднаш. Тимот е млад и желен за докажување“.

За краток период Ердал откако дебитираше за Македонија доживеа уште една радост, овојпат на приватен план.

Убав момент во животот на нашиот нов репрезентатиец Ердал Ракип. Имено Македонецот и играч на Малме, вчера ја запроси својата девојка Кандан, се разбитаа таа кажа „ДА“.

Нема што, со оглед на она што може да се види од фотографијата, Ердал се покажал како голем романтичар.

Запросувањето се случило на врвот на највисоката зграда во Скандинавија, во Туринг Торсо која е висока 190 метри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.