(ФОТО) Објавено како Наум Петрески се мазни

  • By admin
  • октомври 22, 2021
  • 0
  • 1063 Views

Како што е познато Наум Петрески е еден од најпознатите македонски пејачи на народна музика. Петрески како и многумина пејачи изминатата година како и другите музичари се без работа поради актуелната ситуација.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот. Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други.

Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Македонската фолк ѕвезда иако има скопска адреса на живеење, поголемиот дел од времето го поминува во родната Струга, која за Наум е посебна, има нешто што другите го немаат:

„Струга е посебно место за мене. Прво е мој роден крај, второ го имаме Дрим, го имаме езерото, имаме многу работи што нема во Скопје. Цела зима моите другари нуркаат, јас ќе полнам скоро 55 години и гледам да не настинувам многу, но на лето влегувам во и под вода“…

Како што е познато Наум е оженет со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова.

Петрески важи за човек без „влакна на јазико“ кој секогаш отворено говори, а тоа носи и низа од коментари во јавноста.

Добро познато е дека Наум е добар другар со дуото од ДНК, Андрје и Панчо, а токму тие подготвуваа нешто ново што го најавија на социјалните мрежи.

Имено популарното дуо на нивните профил на социјалните мрежи објавија снимка на која се гледа како Наум ја бричи својата брада и се мазни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.