Добро познато е дека голем дел Македонци поседуваат бугарски пасош, а голем дел е и на оние кои го очекуваат и е во процедура.
Бугарските пасоши секогаш се актуелна тема и нешто што буди интерес.
За Европската Комисија издавањето бугарски пасоши за Македонци е внатрешна работа во која таа не се меша.
Додека Европската Комисија стои на ставот дека ниедна земја членка не смее да се меша во внатрешната политика на други земји, членки на ЕУ или не, таа нема став за механизмот на издавање бугарски пасоши за Македонци.
-Натурализациите за кои прашување не се поврзани за доделување државјанство преку инвеститорски шеми, така што како што рековме и претходно ова е билатерално прашање, изјавија од портпаролската служба на Европската Комисија.
Европската Комисија има регулации единствено поврзани за издавање државјанство на инвеститори кои немаат вистинска поврзаност со државата од која добиваат пасош.
Ова се однесува на случаи како Кипар каде бројни руски бизнисмени добиваат кипарско државјанство, а со тоа стануваат и државјани на ЕУ со право на слободно движење, единствено врз основа на скапи инвестиции во земјата.
-Согласно ЕУ законите се бара, на пример, државјанството да не биде „продадено“, што значи да не се доделува преку етаблирање и управување со инвеститорски шеми за државјанство кои систематски водат до натурализација во замена со предодредени исплаќања и инвестиции
– без вистинска поврзаност со земјата, велат од портпаролската служба на Европската Комисија која се занимава со правда.
Земјите членки на ЕУ, велат од Европската Комисија, имаат свои внатрешни правила за доделување државјанство на граѓани од трети земји доколку тие исполнуваат одредени услови на интеграција и можат да докажат автентична врска со земјата во која добиле државјанство.