Никола Груевски се огласи по еден месец пауза – со никогаш пократка порака

  • By admin
  • октомври 11, 2021
  • 0
  • 13520 Views

Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија.

Поради самиот факт дека се работи за голем настан од Македонската историја, низ државата се организираат разни свечености и прослави.

Традиционално се одржуваат свечени концерти. Повеќе делегации од Македонското Собрание положуваат цвеќе на гр обот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Паркот на Револуцијата во Прилеп, како и на Спомен-костурницата на паднатите бо рци од народноослободителната бо рба во Куманово.

Во Прилеп секоја вечер спроти празникот се одржува традиционалниот импровизиран на пад на градот како потсетување на историските настани од предвечерјето на 11 октомври 1941 година.

Во Прилеп постои и Меморијален музеј „11 октомври“ во кои се изложени неколку стотици фотографии и значајни документи од народно-ослободителната борба.

По точно еден месец од својата последна објава на фејсбук, од Бидимпешта се огласи поранешниот премиер на Македонија и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

За разлика од претходно кога се огласуваше со долгометражни текстови и објави, овојпат беше релативно краток и напша:

Честит 11 Октомври- денот на почетокот на народно ослободителната и антифашистичка борба на Македонија во кој животот го положија околу 25 илјади главно млади наши предци за да се ослободи Македонија од фа шизмот и оку паторите и да ја добие толку очекуваната и посакувана слобода и државност за која и генерации пред нив исто така ги положија своите животи.

На сите нив им должиме многу. Да не се забораваат и вечно да ги славиме жрт вите за слободата на сите нас и хероите на Македонија. Со име, презиме и дело. Со чест и почит! Славењето на хероите создава нови херои!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.