Македонската фолк пејачка Сања Цинцева, попозната како Сања- Барбика во последно време се повеќе е барана надвор отколку дома.
Македонската барбика е доста активна, а во изминатите месеци промовираше неколку нови песни меѓу која го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев.
Станува збор за рефрен кој што го потпишуваат Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.
Темата е модерна, летна и сите прогнози се дека ќе прерасне во вистински хит. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне ова што го сработивме заедно со тимот, станува збор за нов звук, нешто што досега кај нас го немало и сигурна сум дека ќе имаме позитивен фидбек, вели Сања која во спотот се појавува во неколку провокативни комбинации, а задолжени за стајлинзите и изгледот беа Викторија Петров Бурсаќ и Даниел Николовски.
Но, Барби и пред оваа песна секогаш знаела да го привлече вниманието на јавноста. Дали тоа било некоја нејзина песна или пак со прово кативниот изглед кој го „фура“ од почетокот на својата кариера, важно била во центарот на вниманието.
„Се немам откажано од српската музичка сцена, во моментов поради новонастаната ситуација со коронавирусот сум на пауза. За жал не можам да патувам и да гостувам, но во скоро време се ќе се врати во нормала се надевам и ќе продолжам и таму каде што застанав.
Инаку, во Србија сум одлично прифатена од публиката, соработувам со познати и истакнати текстописци и композитори. Меѓу нив се Бане Опачиќ кој ги има напишано најубавите песни на Марија Шерифовиќ, потоа Стеван Симеуновиќ итн. Преслушајте ги „Прави се“, „Ја могу све“, „ Дошла сам да се лечим кажа во едно свое интервју.
Што се однесува до Сања таа во изминатиот период го прележа вирусот, а неодмана се и вакцинираше.
Таа исто е активна со настапи, а така беше случајот и неодамна кога гостуваше во Швајцарија, а деновивие повторно најави дека ќе ги забавува нашинците таму.
Имено Сања Цинцева ќе има двојна програма, односно два настапи веќе овој викенд, во петок и во сабота.
За македонската барби Швајцарија е веќе добро позната дестинација со оглед на тоа што и во минатото, пред вирусот таа беше чест гостин таму и имаше низа настапи кои секако носат добра заработка.