Како што објавивме веќе најголемиот авиопревозник во Македонија, авиокомпанијата „Визер“ најави две нови линии до Италија, но тоа не е се.
Освен најави нови рути од Македонија до Италија ќе има и по една кон Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.
Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021. Картите се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1229 МКД / 19,99 евра.
„Среќни сме да го најавивме проширувањето на нашата мрежа од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и Билунд, и од Охрид до Фридрихсхафен, Визер сега нуди уште поголем избор на дестинации за Мкедонците.
Секој може да ужива во ултра ниските цени и да патува безбедно до својата нова омилена дестинација и да открие нови места со нашите модерени авиони.
Со нетрпение очекуваме да ги пречекаме првите патниците до новите возбудливи дестинации“, изјави Паулина Госк – менаџер за корпоративни комуникации во „Визер“.
Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе почнат со работа благодарение на распределбата на 5 -тиот авион на „Визер“ базата во Скопје.
Авиокомпанијата ги советува патниците да ги проверат ре стрикциите пред да го почнат своето патување. Со својата подобрена Мапа за планирање на патување, патниците можат да ги проверат рестрикциите за патување низ мрежата на Виз.
Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници за патувања и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.
За максимална флексибилност, кога станува збор за резервации, „Визер“ им препорачува на патниците да ја користат услугата WIZZ Flex. Со оваа услуга патниците имаат дополнителна заштита.
Користејќи ја оваа услуга патниците можат да изберат да патуваат на различен датум или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат летот до 3 часа пред лет без никаков надомест и да добијат 100 проценти поврат на средствата како Визз кредити.