Игор Џамбазов без сомнение е еден од најдобрите и најпознати македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.
Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати и тој има профил на социјалните мрежи.
Игор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто.Откако се активираше на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осамнува некоја нова објава.
Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 95 илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства.
Романтични фотографии со неговата сакана Илина, од оние авантуристичките во природа, такви со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара, па се до ретро фотографии како онаа што се најде последна на неговиот профил.
Тој во интервју за Бекстејџ откри што ново се случува во неговиот живот, на љубовен и професионален план, и неговите планови.
– Во мојот живот се случи голема промена, веќе година ипол сум со мојата голема љубов Илина, таа е прекрасна личност која ми го смени животот за 360 степени.
– Исто така таа е една од ретките жени во светот која го искачи седумте најголеми врвови во светот, вели Игор за својата сакана.
– Јас бев решен да се повлечам кога станува збор за жените, да отидам во пензија и да се повлечам во Дојран, но се појави таа.
– Со Илина често патуваме, посетуваме различни места, омилени ни се кукичките во Дојран, еве мојата се прави нејзината е слободна, ние сме таков тип на луѓе што често патуваме.
Утрово на својот профил на Инстаграм, Игор Џамбазов се огласи со еден интересен предлог во кој вели:
– Северина Македонија,нов предлог за името