Сузе повторно издоминира – Гавазова покажа дека не е се до парите

  • By admin
  • август 19, 2021
  • 0
  • 2817 Views

Без сомнение македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години и важи за најпопуларната.

Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Нема сомнеж дека фолк пејачката Сузана Гавазова е една од најомилените домашни пејачки.

Сузана Гавазова важи за една од најпоуларните македонски турбо фолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.

Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи во време кога естрадните уметници немаат настапи поради корона пандемијата.

Кога ќе се спомене Сузе, како што е позната за јавноста Сузана Гавазова, буди позитивни реакции кај јавноста и нејзините фанови.

Летово откако беше дозволена работа, таа не застана и постојано има настапи кои долги ги очекуваа нејзините фанови.

Освен бројните фанови кои се најголема награда за нејзината работа, таа се закитува и со најразлични признанија.

Па така Гавазова го освои првото место на манифестацијата Избор на летен фолк хит 2021, кој се одржа во Новаци, Битола, под покровителство на општината и градоначалникот Љубе Кузманоски, а паричната награда од 15.000 денари ја донираше на социјално заг розено семејство.

-Воопшто не се двоумев околу тоа дека ако освојам некоја награда, ќе ја донирам. Сумата не е висока, но сигурна сум дека некому многу ќе му значи.

На градоначалникот Кузманоски оставив да одлучи на кое семејство во неговата општина ќе му се доделат средствата, верувам дека ќе завршат таму кај што се најпотребни, изјави пејачката за Фокус.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.