Јагода: Во 40-те го оставив стариот живот зад мене и се преселив со синот во Шведска

  • By admin
  • август 17, 2021
  • 0
  • 4473 Views

Многу истражувања сè уште потврдуваат дека Скандинавските земји се на врвот на најсреќни места за живот. Иако може да се каже дека се доста скапи земји за живеење сè повеќе и наши Македонци одлучуваат да заминат да живеат и работат таму.

Една од тие е наша читателка Јагода која одлучи да сподели со нас како сама се осмелила да направи целосен пресврт на нејзиниот живот и со нејзиниот малолетен син започанала живот во туѓ град. Јагода веќе 2 години живее и работи во Стокхолм, Шведска, а причината поради која се иселила е желба за подобар живот откако останала без нејзиниот сопруг.

„Не е лесно за една мајка сама да одгледува дете и да заработува за живот, особено во наши услови. Едноставно одлучив дека сакам подобри услови за моето дете и дека вистински ми треба рестарт на животот.

Од многуте обврски и потребата да одам напред и да заработувам пари не можев на раат ниту да тагувам. Морав да потиснувам во мене затоа што и професионалната помош кај нас е луксуз.

Немав доволно време да се посветам на детето кое цело време беше со дадилка и мислев дека потрфлам во улогата мајка“. Отпрвин мислев да ја сменам професијата или пак да намалам со обврските, но знаев дека тоа не е можно бидејќи ми требаа пари сама да го изведам детето на прав пат. Ми требаше нов почеток, сакав да откријам полесен, поубав живот од оној што го живеев под при тисок“.

После посетата на нејзина добра пријателка во Стокхолм одлучила по секоја цена да се пресели таму. Најмногу поради тоа што ги негуваат вистинските вредности во животот – на прво место фамилијата и децата, потоа приватното време и секако природата.

„Жителите таму работат за да живеат, а не живеат за да работат како кај нас. Изборот на земјата го направив најмногу поради тоа што се ориентирани на добросостојбата на децата, се почитуваат човековите права и природата. Постои ред секаде, а луѓето не се служат со з ли начини за да се снајдат во животот.

Од друга страна знаев дека нема да имам никаков притисок како мајка која е сама бидејќи овде е сосема во ред жената да се оствари и професионално и како родител без маѓ до неа.

Сакав син ми да расте окружен со такви вредности во мултикултурно општество. Овде можам со моите приходи да му приуштам се на син ми и секако планирам и за неговото понатамошно образование. Единствено ми беше тешко да ги напуштам луѓето кои беа со мене во најтешките моменти, но морав“.

Не е толку лесно сам да се снајдеш во туѓа земја, а тоа го докажува и нивното неколкунеделно барање на стан затоа што било навистина тешко како туѓинец да изнајмиш стан во Шведска.

„На почетокот ни беше тешко да се навикнеме на непознатото, непознат град, непознати луѓе, но со тек на време нормално се станува полесно, сега живееме во стан со уште една цимерка.

Син ми го засака градот и големите паркови, а тоа ми беше добар знак дека сум ја направила вистинската одлука. По некое време почнав како приправник да работам во една банка во информатички сектор затоа што имам диплома за тоа.

Неопходно беше да почнам да го учам и шведскиот јазик и за кратко време ги увидов предностите од тоа. Веќе имав своја мрежа на познаници и полесно ми беше да се снајдам во работата. Многу ми се допаѓа тоа што овде постои транспарентна и отворена комуникација со надредените и се работи во позитивна и опуштена атмосфера, барем во мојот сектор“.

Постои мислење дека Швеѓаните се ладни и не толку отворени луѓе кои само работат, но Јагода го тврди спротивното.

„Воопшто не се ладни и молчаливи. Сакаат многу да зборуваат како нас и се отворени за пријателство доколку и вие го сакате тоа – да им се насмевнете, да ги поздравите, да ги прегрнете. Им треба повеќе време да се спријателат, но сакаат подобро да ве запознаат. Тука луѓето не се замараат со другите, почитуваат приватност и не ги делат луѓето“.

Јагода вели дека луѓето таму помалку се нервираат, минуваат долго време во природа и самата сигурност што им ја пружа државата во однос на живот, образование, можност за патување ги прави едни од најсреќните луѓе во светот.

„Во иднина планирам да се ослободам од целиот стрес што го имам од дома, да го живеам животот со син ми со полни гради, да читам и да создавам пријателства.

Не ми недостасува препукувањето меѓу луѓето кај нас, нетрпението, ого варањето и сè што непотребно ни ствара стр ес на нас граѓаните бидејќи тоа прави помалку да веруваме во себе и да немаме ентузијазам нешто сами да започнеме“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.