Македонската пејачка по вторпат позитивна за седум месеци, сега неколку дена откако ја примила вакцината

  • By admin
  • август 17, 2021
  • 0
  • 8853 Views

За познатата фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје.

Сања Сани Гроздановска, една од најпопуларните и најпознати македонски фолкерки од помладата генерација реши да направи комплетна трансформација…

Или поточно мораше, но, не во изгледот и имиџот, туку во еснафот, зашто вирусот ја натера да ја смени професијата, сакала или не, како и многумина други естрадни уметници чија кариера е на работ на пропаста, а за егзистенцијата и да не говориме.

Токму затоа, естрадата тргна да бара алтернативни решенија за сопствениот опстанок и опстанокот на своите семејства, па многумина од нив свртеа нов лист во животот, оставајќи го свирењето и пеењето да чека подобри времиња, ако воопшто тие и дојдат.

На естрадните уметници не им преостана каде да пеат, па од естрадни полека стануваат страдни. Не им преостанува ништо друго освен „само да се сликаат“.

Многумина од нив од пејачки станаа манекенки, модели, инфлуенсерки, блогерки… па се’ до меанџии и психолози. На оваа категорија естрадни уметници во „преквалификацијата“ на професијата деновиве им се приклучи и Сани Гроздановска.

Како што информираше естрадниот магазин „Естрадаплус“, Сани по вторпат го закачила вирусот поради кој повторно мора да мирува. Денес пејачката во изјава за Фокус.мк ја потврди оваа вест.

-Да, по втор пат сум позитивна на корона вирус, но не сум хоспитализирана, како што се објави во некои медиуми. Со блага клиничка слика сум, тоа го потврдуваат и наодите.

Имам покачена температура, кашлица, примам инфузии. И пред седум месеци, кога бев инфицирана, поминав слично, со истите симптоми – раскажува Сања.

Вели дека на 11-ти овој месец ја примила првата доза од вакцината против Ковид-19, а по два дена и се покачила температурата. На почеток, помислила дека станува збор за реакција од вакцината, но кога започнала да кашла, се посомневала дека се работи за нешто друго.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.